На најпрестижниот Светски фестивал на архитектурата, хотелот Tawa Refugio del Puelo во Патагонија, Чиле, ја доби титулата најубав хотел на светот во категоријата Hotel & Leisure.
Сместен во срцето на Патагонија, хотелот се истакнува со архитектура што ја спојува природата и дизајнот. Помеѓу реката Puelo и езерото Tagua, комплексот е осмислен како низ одделни објекти кои нудат максимален поглед, приватност и хармоничен однос со околината.
Архитектура инспирирана од природата
Сите згради се поврзани со дрвени пасарели и внимателно се вградуваат меѓу дрвјата, камењата и природните елементи. Инспирацијата на архитектите била птицата Tagua, некогаш присутна покрај реката и езерото.
Посебно внимание привлекува ресторанот во А-облик куќа, сместен на местото каде се спојуваат реката и езерото. Објектот нуди панорамски поглед на планините, а истовремено ги штити гостите од патагонските ветрови и дождови.
Хотелот е граден од локално дрво и обновливи материјали, со методи кои имаат минимално влијание врз животната средина.
Луксуз во дивината
Tawa Refugio нуди осум луксузни соби од по 38 м², секоја со поглед на тюркизната река Puelo, шумите и околните планини. Секој сместувачки капацитет има високи плафони, king-size кревет, работна маса, приватно купатило, како и поткровје со дополнителен кревет – идеално за релаксација и уживање во природата.
Со овој одржлив пристап, Tawa Refugio во 2024 година ја освои престижната награда на World Architecture Festival, признаение за врвни достигнувања во дизајнот на простори за туризам и одмор.
Фото: Инстаграм