Правила и услови на користење на сајтот
СОДРЖИНА
Порталот cafebarrestoran.mk на своите корисници им овозможува користење и пристап до различни содржини кои вклучуваат интернет вести, фото-галерии, услуга за пребарување содржини и видео-материјали. Користењето на содржините е овозможено во согласност со овие Услови за користење. Порталот cafebarrestoran.mk го задржува правото да укине или измени изглед, содржина и Условите за користење на порталот, како и сите сервиси и подстраници кои се составен дел од порталот, без претходна најава.
ПРАВИЛА ЗА КОМЕНТАРИРАЊЕ
Го поздравуваме и поттикнуваме слободниот обмен на идеи и информации меѓу посетителите на порталот cafebarrestoran.mk Стремиме кон пристоен, ангажиран и корисен разговор со взаемно почитување. Користиме систем на претходна модерација на коментарите. Веќе објавената содржина се отстранува доколку се процени дека не е соодветна.
На порталот коментирањето е бесплатно, анонимно, брзо и без цензура, но мора да биде во склад со основните правила на цивилизирано однесување.
Секој корисник мора да ги почитува основните правила.
Не толерираме говор на омраза во било која форма – полова, расна, сексуална дискриминација или било какво друго непристојно однесување.
Пристојно изразување на поинакво мислење кое не содржи агресија или закана не се смета за навредливо. Ја поддржуваме расправата и критиката, особено на сопствената содржина, но лични напади нема да бидат толерирани. Ќе ве замолиме да не спамурате преку користење на големи букви (ALL CAPS) или други вознемирувачки техники.
Објавување реклами или линкови кои водат кон огласи, лажни веб-локации и слично ќе резултира со бришење на таквите коментари.
Содржината на објавените коментари не претставува мислење или став на редакцијата на магазинoт cafebarrestoran.mk текстуалната содржина е единствено мислење на Корисникот.
ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТ И ТАЈНОСТ НА ПОДАТОЦИ
Порталот cafebarrestoran.mk може да прибира одредени информации или лични податоци автоматски генерирани или обезбедени од посетителите или корисниците на порталот (во понатамошниот текст: податоци за корисниците). Податоците може да вклучуваат информации што може да се поврзат со одредено лице (на пример IP адреса), како и збирни податоци.
Порталот ја почитува анонимноста и приватноста на своите корисници.
Лични податоци може да се собираат само со согласност од корисникот. Нивната употреба е за информирање на корисниците, подобро разбирање на нивните потреби и развивање услуги со повисок квалитет.
КОЛАЧИЊА (COOKIES)
Колачето е мала датотека што веб-страницата ја поставува на вашиот компјутер за да ги зачува специфичните поставки додека ги прегледувате страниците. Во стандардните поставки вашиот компјутер прифаќа колачиња, а таа опција може да се исклучи во прелистувачот, но тоа може да влијае врз изгледот и функционирањето на порталот cafebarrestoran.mk или негови делови.
Покрај стандардните, може да бидат поставени и колачиња од трети страни — најчесто од огласувачи и надворешни аналитички системи.
Без оглед на природата и целта на користење, колачињата не прибираат лични податоци од корисниците, со што нивната приватност е загарантирана.
ЛИНКОВИ КОН ДРУГИ ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦИ И ОГЛАСУВАЧИ
Порталот содржи информации и линкови кон интернет страници создадени од трети лица. Таквите линкови ќе бидат означени кога тоа е возможно. Порталот нема надзор над нивната содржина и се откажува од било каква одговорност за содржини креирани од трети страни.
Порталот не е одговорен за содржина на страниците на огласувачите, ниту за евентуална штета што може да произлезе од рекламите. Односот меѓу огласувач и корисник е исклучиво нивен деловен договор.
ЛИЧНИ, АВТОРСКИ И ДРУГИ ПРАВА
Содржината на порталот може да биде заштитена со авторски права. Објавената содржина не смее да се репродуцира, дистрибуира или користи во комерцијални цели без изречна согласност на порталот, ниту на начин што може да предизвика штета.
Доколку сметате дека објавената содржина ги повредува вашите лични, авторски или други права, можете да побарате објавување одговор или исправка. Известувањето мора да содржи опис на повредата, локација (URL), како и инструкција за отстранување.
КОНТАКТ
Со редакцијата на порталот cafebarrestoran.mk може да се воспостави контакт единствено преку страницата Контакт. Таму е потребно да ги оставите вашите контакт податоци и соодветна порака. Само на тој начин пораката сигурно ќе стигне до уредникот.
Злоупотреба на контакт информациите од маркетинг или општи служби за комуникација со редакцијата е забранета и ќе доведе до упатување исклучиво кон страницата Контакт.
Секој корисник е должен да ги прочита Условите за користење и да ги почитува. Редакцијата подразбира дека сите корисници се запознаени со нив и ќе ги следат.
