Читајте вино како експерт: 15 термини што го менуваат вашето уживање
Вински термини што секој љубител треба да ги знае.

Оваа година Винарската визба „Тиквеш“ од Република Северна Македонија со гордост го одбележува својот 140‑годишен јубилеј на организирано производство на вина и жестоки пијалаци — значаен пресврт што ја потврдува континуираната винска традиција, како и современата визија и лидерската улога на компанијата на регионален и глобален план.
Винарската визба „Тиквеш“ е основана во 1885 година во регионот Тиквеш — земјиште благословено со идеални природни услови за лозарство, каде што континенталната клима се меша со медитеранската, создавајќи совршени услови за развој на виновата лоза и производство на квалитетни вина.
Визбата брзо се развила во најголемата во Југоисточна Европа и со текот на децениите го проширила своето портфолио, освојувајќи позиции на значајните домашни и глобални пазари.

Во последните две децении, „Тиквеш“ реализира значајни инвестиции — над 45 милиони евра — со цел комплетна модернизација и дигитализација на процесите, како и создавање вина со врвен квалитет. Овие напори доведоа до зголемување на продукцијата, проширување на асортиманот и премиумизација на вината, кои привлекуваат внимание на светските експерти и освоија високи награди од познати критичари како Robert Parker.
Клучната улога во развојот на премиум сегментот ја имаше бутик‑винаријата „Domaine Lepovo“, додека стратегиската аквизиција на француската винарница „Château de Gourdon“ ја зајакна позицијата на „Тиквеш“ на меѓународната сцена. Овие чекори дополнително ја осигураа глобалната репутација на брендот, кој денес е присутен на пет континенти.
Тимот на „Тиквеш“ истакнува дека јубилејот не е само одбележување на минатото, туку и потврда за актуелната визија: создавање вина што ја одразуваат посветеноста кон квалитетот, потрошувачите и партнерите, со силни аспирации за иднината. Под мотото „Бескрајно твој“, визбата продолжува да ја гради својата приказна за страста кон лозјата, луѓето и културата што ја опкружува винската индустрија.
Од првите организирани мерења во 1885 година до денес, „Тиквеш“ не само што опстојува, туку постојано се развива — прифаќајќи нови технологии, иновации во винската наука, современи практики во лозарството и силно присуство на меѓународни пазари. Овој јубилеј ја обединува традицијата и иновацијата, создавајќи основа за уште понезаборавни вина и нови успеси во иднина.
Текст и фото: ПР
Дознајте ги први сите новитети, ексклузивни понуди и настани!