Пиците на Денис Ловател – јадливи пејзажи што ја раскажуваат природата и семејството
Сезонските пици на Денис Ловател со јадливо цвеќе се доказ дека кулинарството може да биде уметност на чинија.

Легендарниот ресторан Eleven Madison Park, носител на три Мишленови ѕвезди и еден од највлијателните ресторани во светот, најави значајна промена во својата стратегија. По четири години работење со исклучиво вегански мени, од 14 октомври ресторант ќе воведе хибридно мени што вклучува месо, риба и млечни производи, со зачувана опција за вегански јадења.
Оваа одлука ја соопшти основачот и главен шеф Даниел Хам, истакнувајќи дека промена е дел од долгорочниот развој на брендот:
„Промената е клуч за одржлив раст. Со воведувањето на хибридното мени ќе имаме поширок пристап до гостите и ќе отвораме простор за поголема креативност и кулинарска слобода, без компромис со квалитетот“, изјави Хам.
Иако не ги наведува конкретните причини за враќање на месото, Хам во интервју за The New York Times посочува на пазарните предизвици со строг вегански концепт во луксузниот сегмент:
„Тешко е да се привлече поширока публика во средина без животински производи. Исто така, за дел од гостите, особено љубителите на вина, одредени гастрономски комбинации не се возможни без месо или млечни состојки“.
Одлуката на Хам доаѓа во време на 20-годишнината од ресторант, нагласувајќи ја способноста на Eleven Madison Park да се прилагодува на пазарот и да продолжи со иновации.
За време на пандемијата COVID-19, Хам го трансформираше ресторанот во центар за подготовка и дистрибуција оброци за заедниците во потреба, што го зацврсти неговиот углед како социјално одговорен објект.
Во 2021 година, Eleven Madison Park воведе веганско мени, станувајќи лидер во одржлива висока гастрономија. Сегашната промена, како што нагласува Хам, не значи откажување од одржливоста, туку проширување на моделот за поголема достапност и комерцијална одржливост, со зачувување на идентитетот и високите стандарди на услуга.
Цена на хибридното мени останува 365 долари по лице, без разлика на изборот на мени и без ускладување со вина.
Дознајте ги први сите новитети, ексклузивни понуди и настани!