За моделот и фитнес-инфлуенсер Стефан Спирковски, Скопје не е само град во кој е роден – тоа е место на кое му припаѓаат неговите корени, мирот и спомените што го обликувале како личност.
„Овде ми е домот“, вели тој. „Колку и да им се радувам на патувањата, секогаш едвај чекам да се вратам во моето Скопје.“
Но, како и секој жив град, Скопје се менува. И не секогаш на подобро.
„Секојдневно никнуваат нови згради, а зеленилото и парковите стануваат сè поретки. Нечистотијата, бучавата и урбаната гужва се дел од нашето секојдневие. На градот му недостасуваат повеќе дрвја, чист воздух и простори каде што луѓето можат да застанат, да здивнат и да се поврзат едни со други“, искрено забележува Стефан.
Градскиот парк – симбол на едно безгрижно време
Неговиот омилен дел од градот отсекогаш бил Градскиот парк – место каде што ги поминал најбезгрижните денови од средношколските години, заедно со друштвото.
„Имавме едно наше дрво – ‘чатал’, кое и денес стои во близина на осумте чешмички. Тоа беше нашето збирно место, сведок на илјадници приказни.“
Таму се раѓале спомени што не се забораваат: свирење гитари, долги разговори до раните утрински часови, смеење, први љубови.
„Во тоа време паркот беше полн со млади, музика и живот. Не ти требаа пари за да се забавуваш, ниту луксузни кафулиња или дискотеки – доволни беа добри луѓе и искрена енергија“, се сеќава тој.
Каде исчезна спонтаноста?
Денес, Стефан има чувство дека таа спонтаност полека се губи. „Младите сè помалку се дружат на тој начин. Како вредностите да се преселија во нешто површно и дигитално, а вистинската поврзаност да остана во минатото.“
Сепак, надежта не ја губи.
„Се надевам дека Скопје повторно ќе стане град во кој младите ќе се собираат на клупите во паркот, ќе разговараат, ќе се смеат и ќе создаваат спомени – а не само ќе поминуваат време во трговските центри.“
Град со маани, но со душа
И покрај сите свои недостатоци, Скопје за Стефан останува неговиот град.
„Место полно со спомени, со душа и со еден посебен дух што го нема никаде на друго место.“
Скопје можеби не е совршено, но токму во тие несовршености се кријат неговата човечност, младешка енергија и потенцијал повторно да стане град на младите – жив, зелен и исполнет со вистински живот.
Луксузниот бренд Orient Express влегува во нова ера на патувања со спектакуларниот Corinthian – најголемата едрилица во светот. Покрај сместување од највисока класа, гостите ќе уживаат во врвна гастрономија и богата коктел-понуда.
Модерната гастрономија сè повеќе ја спојува традицијата со иновацијата, создавајќи јадења што го почитуваат минатото, но зборуваат на јазикот на сегашноста. Во таа рамнотежа се раѓа новата кулинарска уметност.
Во време кога класичните ресторани сè потешко ги оправдуваат високите трошоци, а „fine dining“ концептот станува сè понепристапен и поексклузивен, еден формат тивко, но сигурно ја презема глобалната гастрономска сцена – бистрото.
Наместо раскош и претерана демонстрација на богатство, современиот туризам и гастрономија сè повеќе се насочуваат кон суптилен, ненаметлив луксуз. Трендот „quiet luxury“ го става фокусот на квалитет, дискретност и искуство што не мора да се истакнува за да биде впечатливо.
Пријавете се на нашиот newsletter
Дознајте ги први сите новитети, ексклузивни понуди и настани!
Оваа страница користи колачиња (cookies). Со продолжување со користење на страницата се согласувате со нашата употреба на колачиња.