Вранец – 8 вина што го освојуваат пазарот
Со повеќе од 10.000 различни сорти грозје што се одгледуваат ширум светот, Вранец е добро позната сорта во регионот, но ова црно балканско грозје до неодамна немаше значаен удел во меѓународната селекција на квалитетни и препознатливи вина. Вранец е автохтона сорта од Балканскиот Полуостров, особено од Црна Гора, каде зафаќа повеќе од 50% од лозјата, а се одгледува и во Босна и Херцеговина, Македонија, Хрватска и Србија. Името „Вранец“ значи „силен – црн“, што совршено ја опишува неговата темна боја и карактер.
Вината од Вранец најчесто имаат длабока рубин боја и богат вкус, со ароми на цреша, црна рибизла, билки и чоколадни ноти од дабови буриња. Поради високиот шеќер во зрното, имаат повисок процент алкохол, но се балансирани со изразени танини и пријатна киселост, што им дава одличен потенцијал за зреење.
Осум наградени вина од Вранец на DWWA 2025
На натпреварот DWWA 2025, едно вино од сортата Вранец освои златен медал и 95 поени – Pro Corde Vranac 2021 од компанијата Plantaže од Ќемовско поле во Црна Гора. Судиите го опишаа со интензивни ноти на боровинка и сина слива со долг, пиперлив завршеток. Црна Гора освои уште пет сребрени и две бронзени медали за вина базирани на Вранец.
На Македонија беа доделени дури 11 сребрени медали. Особено се истакна Тиквеш винарија со виното Luda Mara Red Cuvée 2022, кое доби висока сребрена награда (94 поени), благодарение на ароми на дива црна рибизла, боровинка и минерален завршеток.
Во изборот се најдоа и вина од Стоби винарија, како и други регионални производители, што ја покажува ширината и потенцијалот на оваа сорта.
Наградени вина од Вранец (избор)
-
Плантажа– Pro Corde, Чамовско 2021 – Злато, 95 поени
-
Плантажа – Barrique, Чамовско 2021 – Сребро, 93 поени
-
Keković Estate, Подгорица 2022 – Сребро, 92 поени
-
Patrimonio – Prizor, Podgorica 2021 – Сребро, 90 поени
-
Тиквеш – Luda Mara Red Cuvée 2022 – Сребро, 94 поени
-
Тиквеш – Alexandria 2023 – Сребро, 92 поени
-
Стоби 2020 – Сребро, 91 поен
-
Монтеко – Тиквеш, повардарие 2023 – Сребро, 90 поени
Одбележувањето на Денот на Вранец отврдува колку оваа балканска сорта е стратешки важна за винарниците и дистрибутерите што ги следат трендовите во премиум сегментот.
Селектираните вина од DWWA 2025 ја покажуваат силата на тероарот, автентичноста на стилот и извозниот потенцијал. За сите што ја следат еволуцијата на балканското винарство, Вранец останува симбол на регионот што полека, но сигурно, ги освојува светските вински листи.
ФОТО: cafebarrestoran.rs