Претворете ја лубеницата во сладолед со помош на овој вирален тикток-тренд!
Малку овошје, малку креативност и без комплицирани рецепти – доволно за омиленото летно овошје да добие сосема нова улога.

Она што требало да биде мирен лет се претворило во непријатно и стресно искуство за една патничка, откако лицето што седело зад неа постојано ѝ го туркало и ѝ го тресело седиштето.
Таа целата ситуација ја снимила и ја објавила на социјалната мрежа ТикТок, каде што видеото брзо станало вирално и собрало милиони прегледи. На снимката се гледа како патничката мирно седи и се обидува да ја игнорира непријатната ситуација, иако седиштето постојано се поместува поради однесувањето на лицето зад неа.
Во описот на видеото стои драматична порака:
Мислам дека ќе умрам овде“.
@ameejau Worst plane ride #fyp #trending #plane #travel ♬ original sound – Bobi🍏
Во делот за коментари, корисниците бурно реагирале. Дел од нив ѝ советувале веднаш да го извести кабинскиот персонал, додека други истакнале дека би реагирале многу поостро во ваква ситуација.
Сепак, најголемо внимание привлекла нејзината смиреност. Многумина оцениле дека покажала исклучително трпение во непријатен и стресен момент, кој кај многумина би предизвикал многу поостра реакција.
Видеото и натаму се споделува на Интернет, отворајќи расправа за однесувањето во авион и за почитувањето на личниот простор на патниците.
Видео: Тикток
Дознајте ги први сите новитети, ексклузивни понуди и настани!