Flavors of Mexico претставува ретка можност за љубителите на гастрономијата во Скопје да искусат автентични вкусови кои досега не биле достапни на локалната сцена.
Од 6 до 10 мај, Park Hotel & Spa Скопјe ќе биде домаќин на уникатен гастрономски настан – Flavors of Mexico, недела посветена на автентичната мексиканска кујна.
Специјален гостин на настанот е реномираниот шеф Diana Beltrán, по потекло од Акапулко, која ќе ги донесе вистинските вкусови на Латинска Америка пред македонската публика. Со богато меѓународно искуство и долгогодишна кариера во Италија, таа важи за едно од препознатливите имиња во промоцијата на мексиканската гастрономија надвор од нејзината татковина.
Нејзината приказна започнува уште на 26-годишна возраст, кога го отвора својот прв ресторан во Рим, а денес стои зад неколку успешни гастрономски концепти во Италија, познати по својата автентичност и посветеност на традиционалните рецепти.
Во овие пет дена посветени на мексиканската кујна, посетителите ќе имаат можност да уживаат во внимателно креирано мени кое ги обединува богатите ароми, бои и вкусови на мексиканската кујна. Од традиционални специјалитети подготвени по оригинални рецепти, до препознатливи мексикански пијалаци, настанот ветува вистинско кулинарско доживување.
Flavors of Mexico претставува ретка можност за љубителите на гастрономијата во Скопје да искусат автентични вкусови кои досега не биле достапни на локалната сцена.
Настанот ќе се одржува од 6 до 10 мај во ресторан FOUR во Park Hotel & Spa Skopje, а резервациите се препорачуваат однапред поради ограничениот број на места.
Сезонските пијалаци сè повеќе стануваат важен дел од стратегијата на кафе-баровите и угостителските брендови. Новото истражување на Kerry покажува дека потрошувачите бараат вкусови што будат чувство на комфор и носталгија, но и нови комбинации со matcha, кардамон, ф’стаци и ладна пена.
Печурките одамна се присутни во ресторанските менија, но во современата гастрономија сè почесто добиваат главна улога. Наместо да служат само како додаток во сос, рижото или гарнир, тие стануваат центар на целото јадење. Причината е нивната разновидност – различните видови нудат различни текстури, ароми и интензитети на вкус, а правилната подготовка може да ги претвори во навистина впечатлива гастрономска компонента.
Во време кога ресторанските кујни располагаат со сè пософистицирана опрема, многу готвачи повторно се свртуваат кон една од најстарите техники во историјата на храната – готвењето на оган. Но ова не е само враќање на традиционалната скара. Во современата гастрономија жарот, чадот, видот на дрвото и интензитетот на топлината се користат прецизно, како алатки за создавање комплексни вкусови.
Денес десертот во ресторан не е само последниот дел од оброкот, туку често и неговиот највпечатлив момент. Современите слаткари сè повеќе размислуваат како уметници: комбинираат бои, форми, текстури и висини, создавајќи чинии што изгледаат како мали скулптури. Но зад атрактивната презентација стои и едно важно правило – убавината мора да го надополни вкусот, а не да го засени.
Пријавете се на нашиот newsletter
Дознајте ги први сите новитети, ексклузивни понуди и настани!
Оваа страница користи колачиња (cookies). Со продолжување со користење на страницата се согласувате со нашата употреба на колачиња.