Кога станува збор за препознатливите места на скопската урбана сцена, Intermezzo Music Barвеќе четврт век има посебно место во градскиот ритам.
Со 25 години традиција и девет години успешно развивање на својот автентичен Music Bar концепт,Интермецо денес е синоним за квалитетна музика, врвна атмосфера и незаборавни ноќи.
Со тек на годините, ова култно место успеа да изгради препознатлив идентитет, привлекувајќи публика која знае да препознае добар звук и уникатно искуство.
Внимателно креираната музичка програма ги обединува настапите на домашни и светски DJ-артисти, живи бендови и специјално осмислени музички настани кои внесуваат дополнителна динамика во градскиот живот.
Во текот на летните месеци, градината на Интермецо се претвора во една од омилените градски локации за дневни и вечерни дружења.
Во пријатен амбиент, надополнет со внимателно одбрана музика, гостите уживаат во атмосфера која совршено ги спојува релаксацијата, енергијата и урбаниот стил.
Она што го издвојува Intermezzo Music Bar е неговата способност постојано да ги следи современите трендови, а притоа да ја задржи препознатливата автентичност што со години го прави омилена дестинација за љубителите на добрата музика и квалитетната забава.
Денес, Интермецо не е само музички бар, туку вистинска институција на скопскиот ноќен живот – место каде се создаваат спомени, се следат најдобрите музички случувања и се живее пулсот на современиот град.
Еден од познатите ресторанско-забавни концепти во Дубаи се подготвува за ново поглавје во One Za’abeel. Tapasake ја обединува јапонската и медитеранската гастрономија со препознатливиот infinity pool, нов Sky Lounge и коктел-програма наменета за целодневно и вечерно уживање.
Од протеинско кафе до мешавини со екстракти од печурки – производителите експериментираат со состојки што ветуваат поинакво искуство од класичното еспресо.
Примерот на Загреб покажува како кафе-културата, brunch-понудата, локалните вина и авторските коктели можат да создадат целодневно градско гастрономско искуство.
Пријавете се на нашиот newsletter
Дознајте ги први сите новитети, ексклузивни понуди и настани!
Оваа страница користи колачиња (cookies). Со продолжување со користење на страницата се согласувате со нашата употреба на колачиња.