Matto Napoletano од Скопје е рангирана на 19. место на престижната листа 50 Top Pizza Europa 2026, со што официјално стана најдобро рангираната пицерија на Балканот и во Југоисточна Европа. Ова признание претставува значаен успех за Matto Napoletano, но и големо признание за македонската гастрономија.
Во конкуренција на најдобрите европски пицерии – од Лондон, Мадрид, Париз, Барселона, Неапол и други гастрономски центри – Скопје уште еднаш го зазеде своето место меѓу европската елита.
Со пласманот меѓу 20-те најдобри пицерии во Европа, Matto Napoletano уште еднаш ја потврди својата позиција во европската елита и остана најдобро рангираната пицерија на Балканот според 50 Top Pizza Europa 2026.
Вредноста на ова признание е уште поголема ако се земе предвид дека Matto Napoletano доаѓа од Македонија – земја со мал пазар, која рамноправно се натпреварува со најголемите европски гастрономски сцени. Овој успех покажува дека врвниот квалитет, визијата и посветеноста немаат големина ниту граници.
Како AVPN сертифицирана неаполска пицерија, Matto Napoletano уште од своето отворање е посветена на автентичната неаполска традиција, бескомпромисниот квалитет, врвните италијански состојки и континуираното усовршување.
Ова признание е резултат на години работа, дисциплина, знаење и тим кој секојдневно ги поместува сопствените стандарди.
„Ова признание не е само наша награда. Тоа е признание за македонската гастрономија и доказ дека со страст, дисциплина, знаење и многу работа може рамноправно да се застане покрај најдобрите европски пицерии. Благодарност до нашиот тим, до нашите гости и до сите што веруваат во Matto Napoletano. Ова признание ни е мотив да продолжиме уште посветено, затоа што Matto не брка признанија. Matto гради вредност. А кога вредноста е вистинска, признанијата доаѓаат сами.“
Со ова признание, Matto Napoletano уште еднаш ги позиционира Скопје и Македонија на европската гастрономска мапа и продолжува достојно да ја претставува автентичната неаполска пица, македонското гостопримство и врвниот квалитет во регионот и Европа.
Иако технологијата сè уште е во фаза на лабораториски прототип и не е достапна за комерцијална употреба, научниците веруваат дека таа би можела да биде особено корисна во области погодени од природни катастрофи, во рурални и изолирани заедници, како и во региони каде што нема пристап до електрична мрежа или современи системи за пречистување на вода
Легендарниот бренд Orient Express, препознатлив по своите луксузни железнички патувања, го проширува своето портфолио и на море. Новиот Orient Express Corinthian е најголемиот едриличар во светот и претставува спој на врвен дизајн, одржливост и гастрономија на највисоко ниво.
Rooftop концептите стануваат симбол на модерно „fine dining“ искуство во градовите од регионот. Сè повеќе инвеститори и шефови готвачи отвораат ресторани на кровови со панорамски поглед.
Пријавете се на нашиот newsletter
Дознајте ги први сите новитети, ексклузивни понуди и настани!
Оваа страница користи колачиња (cookies). Со продолжување со користење на страницата се согласувате со нашата употреба на колачиња.