Одлична храна. Врвни вина. Совршено друштво. Рецепт за вечер што се раскажува.
Во атмосфера исполнета со префинет вкус, внимателно одбрано друштво и врвна винска понуда, се одржа ексклузивна дегустациска вечер која ги спои гастрономијата и винската уметност во едно целосно сетилно доживување.
Настанот понуди мени инспирирано од современа интерпретација на македонската кујна, каде традиционалните вкусови беа претставени на модерен и креативен начин, со акцент на локални состојки и внимателна презентација.
Секоја кулинарска целина беше внимателно компонирана со селекција на премиум вина од реномираната винарија „Domaine Hermès – Lepovo“, чиј квалитет и препознатлив идентитет веќе одамна ја позиционираат меѓу водечките вински имиња во регионот.
Спојот на гастрономијата и виното резултираше со вечер што не се мери само во вкусови, туку и во искуство – префинето, тивко луксузно и внимателно дизајнирано за вистински љубители на добра храна и вино.
Присуство на медиумски и бизнис-елитa
Посебна тежина на настанот му даде присуството на истакнати гости од медиумскиот и деловниот свет.
Меѓу поканетите беа водителката и уредничка на највлијателниот лајфстајл-магазин „Убавина и здравје“, Јована Стојменовиќ, како и директорот на „Колор Медиа“, Александар Наков, издавач на единствениот ХоРеКа-магазин во Македонија – „Бар и Ресторан“.
„Низ внимателно избраното четириследно мени, внимателно не’ водеше шеф Дејан Главчев, помогнат од членовите на својот тим. Сите вкусови беа совршено искомбинирани со Dane Hermes Wine“, сподели Јована Стојменовиќ
„Maggio“ – домаќин на вечерта
Гостопримството и организацијата беа на високо професионално ниво, благодарение на тимот на „Maggio“, кој уште еднаш покажа дека вниманието кон деталите и прецизноста во изведбата се клучни за создавање на врвно гастрономско искуство.
Вечерта заврши во духот на добра енергија, внимателно одбрани вкусови и разговори што ја продолжуваат приказната на македонската гастрономија – сè повеќе препознатлива и на регионалната сцена.
Merlot Hvar Hills 2022 е прогласен за најдобро вино на 36. издание на Sabatina, одржано во Брезла. Манифестацијата ги награди и најдобрите бели вина, како и производителите на автохтони далматински сорти.
Виното без алкохол постепено излегува од категоријата на резервна опција за гостите што не пијат алкохол. Сè повеќе ресторани и хотели го вклучуваат во своите вински листи, а производителите инвестираат во технологии што треба да го зачуваат карактерот на грозјето, аромата и чувството во устата. Предизвикот е голем: да се отстрани алкохолот, а притоа пијалакот да не ја изгуби сложеноста поради која виното е толку ценето.
Потрошувачите сè повеќе истражуваат вина со јасно потекло, органско одгледување и помалку интервенции во производството. Но, дали природното вино навистина е подобро или неговата привлечност е во приказната што ја носи?
Наксос не е познат само по плажите и традиционалната храна. Островот има и винска традиција изградена врз локални сорти, мали производители и специфични услови за одгледување.
Пријавете се на нашиот newsletter
Дознајте ги први сите новитети, ексклузивни понуди и настани!
Оваа страница користи колачиња (cookies). Со продолжување со користење на страницата се согласувате со нашата употреба на колачиња.