Пребарување
Wine & Spirit 26.08.2026

Коктелот повеќе не е само пијалак: Во баровите почнуваат да се служат цели приказни во неколку чаши

Dimitar Babalkov

Новите коктел-искуства личат сè повеќе на дегустациско мени отколку на обично излегување на пијалак. Гостите добиваат повеќе мали коктели, храна и приказна што ги поврзува.

Ако порано одевте во бар за да нарачате мартини, негрони или виски, новиот тренд оди малку подалеку. Баровите сè почесто размислуваат за пијалакот како за цело гастрономско искуство. Наместо една голема чаша, гостите можат да добијат неколку помали коктели што се надоврзуваат еден на друг.

Овој пристап ја менува и улогата на шанкерот. Тој повеќе не е само човекот што меша пијалак, туку станува нешто меѓу водич, домаќин и раскажувач. Секој коктел може да има своја техника, арома или мала приказна, а гостите постепено се движат низ целото мени.

Трендот се вклопува во поширокото поместување кон искуствата во рестораните и баровите. И актуелниот фестивал Drink Las Vegas, кој треба да дебитира во септември, е поставен токму околу иднината на коктелите, храната, виното и гостопримството, со посебни настани посветени на миксологијата.

За гостите, ова има уште една предност: пијалакот станува нешто за кое се зборува. Наместо „што ќе пиеме?“, разговорот станува „што следно ќе ни донесат?“. Малите порции овозможуваат и повеќе експериментирање, без некој да мора да се врзе за една единствена нарачка цела вечер.

А можеби најинтересното е што границата меѓу бар и ресторан почнува да исчезнува. Ако коктелот доаѓа со храна, објаснување, повеќе следови и сопствена атмосфера, тогаш вечерта во бар веќе не е само пиење. Тоа е еден вид вечера – само со шанкер наместо со класичен келнер.

pexels – kokteli