Пребарување
Хотел 02.09.2026

Хотелската соба станува спореден производ: Еве каде хотелите сега ги бараат гостите и парите

Dimitar Babalkov

Хотелите сфатија нешто важно: човек не мора да преспие кај нив за да им остави пари. Рестораните, rooftop баровите, brunch-от, spa-услугите и дневните искуства го претвораат хотелот во место за цел град.

До неодамна хотелот имаше едноставна логика: продадена соба значи приход. Денес најинтересните хотели размислуваат поинаку. Што ако човек дојде само на кафе? Или на brunch? Или на коктел со поглед? Или на вечера? Новиот хотелски модел се обидува да заработи од гостинот и без тој да извади пижами од куфер.

Ова е причината зошто lobby bar-овите стануваат сè поважен дел од хотелскиот концепт. Некогаш тие беа место каде што гостите чекаа такси или пријавување. Денес можат да бидат најживиот дел од хотелот – со specialty coffee преку ден, коктели навечер, музика, настани и локални гости.

Уште поголем потенцијал имаат rooftop рестораните и баровите. Погледот станува производ сам по себе. Еден коктел на тераса со панорама може да биде причина локален жител да посети хотел во сопствениот град. Токму затоа новите хотелски проекти во туристичките дестинации сè повеќе комбинираат сместување со сериозна ресторанска и бар-понуда.

Хрватска е интересен пример за оваа трансформација. Новиот Pical Resort во Пореч е дизајниран со седум ресторани и девет барови, покрај голем број други содржини. Тоа не е само хотел во класична смисла – тоа е цел туристички и гастрономски екосистем во кој храната и пијалаците имаат централна улога.

Во светот се шири и концептот daycation – користење хотелски содржини без ноќевање. Гостите плаќаат за базен, spa, лежалка, оброк или целодневно искуство. За хотелот тоа е начин собите да не бидат единствениот извор на приходи, а за локалните жители – можност да добијат „одмор“ без да патуваат.

Хотелот на иднината затоа можеби нема да биде место каде што само спиете. Ќе биде местото каде што одите на кафе, работите два часа, ручате, пиете вино, одите на spa и навечер останувате на коктел. А собата? Таа ќе биде само еден дел од целото искуство.

pexels – hotel – terasa – hrana – odmor