Коктелите во лименка веќе не се само привремена мода. Готовите пијалаци сè почесто се појавуваат во продавниците и на менијата, а производителите се обидуваат да ги пресликаат најпознатите барски вкусови во готов формат.
Меѓу најпрепознатливите се Spritz, Margarita, Mojito и Cosmopolitan. Идејата е едноставна – пијалакот е веќе подготвен, па потребно е само да се отвори и послужи, најчесто добро разладен.
Овој тренд особено одговара на оние кои сакаат коктел без подготовка и без потреба од дополнителни состојки. Практичноста станува еден од главните фактори што го движат пазарот на готови пијалаци.
Барската култура така добива нова форма, а класичните коктели постепено се селат и надвор од шанкот. Прашањето повеќе не е само кој коктел ќе го нарачате, туку и во какво пакување ќе ви пристигне.
Pexels – kokteli