Виното и храната можат целосно да го променат вкусот на оброкот: Како да ги комбинирате македонските вина?
Киселоста, танините, слаткоста и структурата на виното се клучни фактори при изборот на вистинската комбинација со храната.

Сомелиерот или обучениот келнер не треба само да го отвори шишето, туку и да му помогне на гостинот да избере вино што ќе одговара на храната и неговиот вкус.
Разликата меѓу цената на едно вино во продавница и неговата цена во ресторан често предизвикува изненадување кај гостите. За едни станува збор за оправдан трошок поврзан со услугата, чувањето и изборот, а за други за превисоки угостителски маржи. Во време кога потрошувачите повнимателно ја разгледуваат секоја сметка, винските листи повторно се тема на дебата. Колку навистина вреди шишето вино што го нарачуваме на ресторанска маса?
Виното во ресторан не се продава под истите услови како во специјализирана продавница. Ресторанот инвестира во набавка, складирање, одржување соодветна температура, чаши, персонал и знаење за правилно послужување.
Сомелиерот или обучениот келнер не треба само да го отвори шишето, туку и да му помогне на гостинот да избере вино што ќе одговара на храната и неговиот вкус.
Сепак, тоа не значи дека секоја цена е автоматски оправдана.
Кои фактори влијаат врз цената на виното во ресторан?
Добро составената винска листа може да биде една од најголемите предности на еден ресторан. Таа не мора да содржи само скапи и познати етикети. Напротив, интересна селекција на локални вина, помали винарници и сорти што не се толку комерцијално познати може да му понуди на гостинот ново искуство. Сè поголем предизвик за угостителите е да создадат баланс меѓу заработката и достапноста.
Неколку работи можат да направат разлика: понуда на вина во повеќе ценовни категории, можност за нарачка на вино на чаша, јасни информации за сортата, потеклото и производителот, но и пепораки за спарување со храната.
На крајот, добрата винска листа не е онаа со највисоки цени, туку онаа во која гостинот може да пронајде квалитетно вино за својот буџет.
Фото: pixabay.com
Дознајте ги први сите новитети, ексклузивни понуди и настани!