Пребарување

За јадење полно со вкус – спојот на Јапонија и Мексико во вашата кујна

Dimitar Babalkov

Барате залак кој изненадува и плени? Комбинацијата од автентични јапонски гјоза кнедли и TABASCO зелен халапено сос нуди свежина, крцкавост и богати ароми што го подигаат секое јадење на повисоко ниво.

Јапонските гјоза кнедли се крцкави надвор, а сочни и полни со вкус внатре. Подготвени според традиционален рецепт и од внимателно избрани состојки, секоја кнедла е мала гозба на јапонската кујна.

Нadevот најчесто се прави од зеленчук и месо или само од зеленчук, а гјозите може да се готват на пареа, во вода, да се пржат во тава или во фритеза. Обично се сервираат со сос од соја и оризов оцет. Јапонските гјоза се разликуваат од кинеските по изразениот вкус на лук и тенката кора од тесто, а секој залак носи посветеност и несекојдневно доживување.

Зошто да ги одберете овие гјоза?

  • Автентичен јапонски рецепт

  • Конзистентен квалитет

  • Богат фил во тенко тесто

  • Крцкави, сочни и полни со вкус

  • Брза и лесна подготовка

TABASCO зелен халапено сос 60 ml
Нашиот зелен халапено сос додава посебна вкусна нота на различни јадења. Благо, но полно со вкус, секој залак добива освежувачка пикантност од вистински халапено пиперки. Додајте го во салати, такоси или други рецепти за да го збогатите вкусот и да создадете уникатно гастрономско доживување.

ФОТО: cafebarrestoran.rs