Flavors of Mexico претставува ретка можност за љубителите на гастрономијата во Скопје да искусат автентични вкусови кои досега не биле достапни на локалната сцена.
Од 6 до 10 мај, Park Hotel & Spa Скопјe ќе биде домаќин на уникатен гастрономски настан – Flavors of Mexico, недела посветена на автентичната мексиканска кујна.
Специјален гостин на настанот е реномираниот шеф Diana Beltrán, по потекло од Акапулко, која ќе ги донесе вистинските вкусови на Латинска Америка пред македонската публика. Со богато меѓународно искуство и долгогодишна кариера во Италија, таа важи за едно од препознатливите имиња во промоцијата на мексиканската гастрономија надвор од нејзината татковина.
Нејзината приказна започнува уште на 26-годишна возраст, кога го отвора својот прв ресторан во Рим, а денес стои зад неколку успешни гастрономски концепти во Италија, познати по својата автентичност и посветеност на традиционалните рецепти.
Во овие пет дена посветени на мексиканската кујна, посетителите ќе имаат можност да уживаат во внимателно креирано мени кое ги обединува богатите ароми, бои и вкусови на мексиканската кујна. Од традиционални специјалитети подготвени по оригинални рецепти, до препознатливи мексикански пијалаци, настанот ветува вистинско кулинарско доживување.
Flavors of Mexico претставува ретка можност за љубителите на гастрономијата во Скопје да искусат автентични вкусови кои досега не биле достапни на локалната сцена.
Настанот ќе се одржува од 6 до 10 мај во ресторан FOUR во Park Hotel & Spa Skopje, а резервациите се препорачуваат однапред поради ограничениот број на места.
Гастрономијата во 2026 година оди во неколку интересни насоки – од необични солени коктели и ферментирани вкусови до менија што нудат луксузно искуство по поприфатлива цена. Готвачите сè повеќе експериментираат, но истовремено бараат вредност и препознатливост.
Виното веќе не е само пијалак – тоа е целосно искуство. Локалните винари во Македонија ја користат оваа можност за промоција. Современи вински дегустации често вклучуваат презентација на локални сорти како Вранец, Смедеревка или Темјаника. Туристите и домашните гости ги ценат ваквите активности како дел од културното и гастро искуство.
Специјалитетното кафе сè почесто се појавува како финален гастрономски момент во рестораните. Баристите стануваат важен дел од тимот што го создава целосното искуство на оброкот.