Луксузните хотели ширум светот сè повеќе се натпреваруваат во тоа кој ќе понуди поуникатно искуство за своите гости. Последниот тренд што ја освојува hospitality индустријата е таканареченото „pillow menu“, односно можност гостите сами да изберат каква перница сакаат за спиење.
Во понудата најчесто има memory foam перници, ортопедски модели, антиалергиски варијанти и специјални luxury pillow колекции. Хотелите веруваат дека квалитетниот сон директно влијае врз задоволството на гостите.
Покрај перниците, сè попопуларни стануваат и aroma therapy услугите. Во дел од хотелите гостите можат да изберат мирис за својата соба, како лаванда, ванила или цитрусни ароми, со цел подобра релаксација.
Новитет е и таканаречениот гастрономски concierge, услуга преку која хотелите нудат персонализирани препораки за ресторани, специјални менија и гастрономски тури.
Туристичките експерти велат дека современите гости денес не бараат само место за престој, туку комплетно искуство кое ќе го паметат и ќе го споделат на социјалните мрежи.
Фото: Pexels/Cottonbro