Пребарување
Кафе Бар 21.02.2026

Контроверзно откритие: Дали вкусот на виски зависи од терароарот?

Dimitar Babalkov

Се тврди дека вкусот на виски може да биде определен од околината и условите во годината кога е произведен, според ново ирско-американско истражување. Целта на проектот е да се утврди дали вискито ја рефлектира околината на сличен начин како врвните вина.

Некои критичари сметаат дека ова нема смисла, бидејќи конечниот производ не е директно поврзан со местото. Терароарот е контроверзна тема во светот на вискито. Едни сметаат дека не треба да се сомневаме дека вискито ја покажува традицијата, поднебјето, методот на производство и видот на суровината од регионот каде е направено. Противниците на концептот тврдат дека тоа нема логика, бидејќи конечниот производ не е директно поврзан со местото, за разлика од грозјето и виното.

Новата студија открила поврзаност меѓу вкусот на ирски виски и потеклото на јачменот од кој се произведува. Авторите покажале дека сортата, местото на растење и годината на жетвата влијаат на вкусот на вискито. До овие заклучоци дошле анализирајќи ја само дестилираната, пред вискито да се остави да старее во буриња. Истражувањето го спровеле експерти од ирскиот Teagasc Центар за истражување на храна и Универзитетот во Орегон, а објавено е во списанието Foods.

Анализирани се 32 примероци на дестилат од микро серии, произведени од две сорти јачмен, Olympus и Laureat. Јачменот е одгледан на две локации, во Атхи, регион Килдер, и Бунклоди, регион Вексфорд. Примероците се земени од жетвите 2017 и 2018 година.

Сензорната анализа покажала дека алкохолот од Атхи имал ноти на печени бадеми, кекси и маслен финиш. Алкохолот од Бунклоди бил полесен, со повеќе цветни ноти и свежо овошје. На овој начин, покрај тоа што ја пронашле врската меѓу терароарот и вискито, истражувачите утврдиле и кои специфични соединенија му даваат карактеристичен вкус.

ФОТО: cafebarrestoran.rs