Пребарување
Кафе Бар 10.03.2026

5-те најдобри „руфтоп“ барови во Европа

Marija Lukarevska

Неверојатни пијалаци, атмосфера и погледи: ова е нашата листа на најдобрите „руфтоп“ барови во Европа

Кога станува збор за создавање навистина извонреден бар, добрата атмосфера и уште подобрите коктели се неопходни. Но спектакуларниот поглед? Тоа е вистинскиот gamechanger.

Нашата листа вклучува разновидни места: од гламурозен на 19-ти кат со тематски концепт до бар сместен на врвот на паркинг во Лондон. Но сите имаат едно нешто заедничко: поглед што долго ќе го паметите. Во продолжение – нашите фаворити од Европа.

1. Sky Bar by Seen, Лисабон


Погледот

Најдоброто од двата света: од левата страна се простира градот Лисабон со своите шарени покриви и замокот Castelo de São Jorge, а од десната – реката Тежу. Најдобрата точка е на врвот од скалите на деветтиот кат, пред да се спуштите кон терасата.

Атмосферата

Помалку туристички од многу други rooftop барови во Лисабон, Sky Bar by Seen има удобни софи за релаксација и подиум за танцување околу централниот бар. Програмата ротира гостински диџеи што значи дека ритамот постојано се менува.

Пијалаците

Има класични коктели, се разбира, но она што го прави овој бар посебен се необичните комбинации. Замислете џин со ројбос и кардамом, сок од лимон, малини и белка од јајце – кисела, пенлива совршеност.

Не пропуштајте

Барските грицки – навистина се одлични.

2. Le Perchoir, Париз
ФОТО: Принтскрин Инстаграм / @leperchoir

Погледот

Панорама од 360 степени над магичниот париски хоризонт: покриви, оџаци и далечниот врв на Монмартр, крунисан со црквата Sacré-Cœur.

Атмосферата

Le Perchoir е жртва на сопствениот успех – речиси сигурно ќе почекате малку пред лифтот во внатрешниот двор додека ве однесе на седмо небо. Но кога конечно ќе стигнете, атмосферата е опуштена: удобни клупи, шарени перничиња, маси од необработено дрво, ароматични билки и модерни, но ненаметливи гости.

Пијалаците

Коктелите се едноставни, но одлично подготвени, со домашно цедени сокови и квалитетни алкохоли.

Не пропуштајте

Селфи на зајдисонце со Монмартр и Sacré-Cœur во позадина.

3. Frank’s Cafe, Лондон


Погледот

Импресивна панорама на централниот дел од Лондон гледан од југ, со знаменитости што се појавуваат на сите страни. Тешко е да се најде подобро место за уживање во една од најпознатите урбани силуети во светот.

Атмосферата

Сместен на врвот на пренаменет повеќекатен паркинг, Frank’s е едноставна конструкција од дрво и платно која работи само во лето. Кога сонцето грее, покривот се полни со млади, урбани лондонци. Но просторот е толку голем што секогаш можете да ги разгледате големите скулптури кои се поставуваат секоја година с благодарение на уметничката организација Bold Tendencies.

Пијалаците

Останете верни на оригиналниот концепт на „Campari Bar“ на Френк Боксер и нарачајте класичен Negroni. Инаку, има одличен избор на летни коктели, плус неизбежниот Aperol Spritz.

Не пропуштајте

Интензивно розовото скалило – вистинска инстаграм-сензација – кое ве води од улицата до барот.

Frank’s работи сезонски и повторно ги отвора вратите во мај.

4. Pulitzer Terrace, Барселона


Погледот

Оваа урбана градина на седмиот кат од хотелот Pulitzer можеби не нуди највртоглав поглед кон градот, но ретко која локација е толку стратешки поставена. Од тука се гледа срцето на Барселона – визуелна точка меѓу хаотичната La Rambla и рационалната геометрија на Eixample.

Атмосферата

Еден од пионерите во трендот хотелските rooftop тераси да се отворат за јавноста, Pulitzer Terrace е вистинска дефиниција за кул. Во текот на летото тука настапуваат некои од најдобрите диџеи во Барселона со електронска музика.

Пијалаците

Aperol Spritz е неизбежен – всушност, оваа тераса била меѓу првите што го вовеле во Барселона. Но вреди да се истражи и одличниот избор вина во чаша, како и коктелот Pulitzer Fizz.

Не пропуштајте

Кујната – од street food до скара – вреди да се посети повеќе од еднаш.

5. Ginkgo Sky Bar, Мадрид


Погледот

Погледнете кон величествениот плоштад Plaza de España или уживајте во зајдисонцето над покривите на историскиот кварт Los Austrias, со импозантната Кралска палата како спектакуларна позадина.

Атмосферата

Кога сонцето ќе зајде на оваа тераса на 12-ти кат, сцената ја презема живата музика – очекувајте мешавина од џез, фанк, хитови од 80-тите и 90-тите и хаус музика директно од Ибица во текот на неделата. Ако сакате помирна атмосфера, резервирајте маса попладне и уживајте во spritz на сонце.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GINKGO SKY BAR (@ginkgoskybar)

Пијалаците

Гинко било единственото дрво што преживеало по атомската бомба во Хирошима – па само замислете што може да направи коктелот што го носи неговото име. Се подготвува со џин, лист од шисо, лимонска трева, шери од Херез и тоник со розов бибер.

Не пропуштајте

Базенот е резервиран само за гостите на хотелот (жал ни е!), но ако успеете да ѕирнете во неговото стаклено дно, ќе видите впечатлива водопадна скулптура од уметникот Пере Гифре.

ФОТО: ИНСТАГРАМ