Пребарување
Кафе Бар 04.02.2026

Barcaffè го проширува светот на уживање: комплетна палета топли напитоци за секое расположение

Dimitar Babalkov

Barcaffè, бренд кој со години ја гради својата репутација како лидер во HoReCa секторот преку квалитетно и доследно еспресо искуство, сега прави значаен чекор напред во развојот на својот универзум на топли напитоци. По збогатувањето на понудата со топли чоколади, пристигнуваат и чаевите Leaf Society, создавајќи единствено и целосно искуство за угостителите и нивните гости.

Влегувањето во категориите топли чоколади и чаеви е природно продолжение на мисијата на брендот: да им понуди на партнерите целосна, сигурна и висококвалитетна палета, а на потрошувачите можност на едно место да пронајдат топли напитоци усогласени со различни потреби, расположенија и дневни ритуали. Од еспресо што ги буди сетилата, преку топли чоколади што ја греат душата, до внимателно одбрани чаеви кои носат момент на смиреност – Barcaffè сега обединува комплетно искуство на уживање.

Barcaffè топли чоколади – нова ера на зимски ритуали

Првата новина се Barcaffè топлите чоколади, совршени за сезоната кога секоја голтка станува мал луксуз. Класичната млечна топла чоколада нуди богат, баршунест карактер и интензивен вкус на најквалитетни какао зрна. Топлата бела чоколада, направена од премиум какао путер, привлекува со својата мазна, свиленкаста структура и нежна сладост.

Едноставни за подготовка, стабилни при сервирање и со незаборавен вкус, овие чоколади се идеални за проширување на менито и како совршена алтернатива за гостите кои сакаат повремено да излезат од рамките на секојдневното кафе и да си дозволат слатко задоволство.

Leaf Society чаеви – ново поглавје во Barcaffè уживањето

Новата линија чаеви го носи името Leaf Society – бренд инспириран од квалитетни, внимателно одбрани листови и ритуалот на опуштање со шолја топол напиток. Во понудата постојат две категории: Mainstream линијата, која нуди сигурни и вкусни чаеви за секојдневни моменти, и Premium линијата, создадена за софистицирано „tea experience“ кога се посакуваат поинакви и порафинирани вкусови.

pexels-anna-pou-8329933

За секое расположение постои совршена шолја – од освежувачка нане, преку смирувачка мешавина од камилица и маслина, заводлива комбинација од дива ружа и хибискус, до врвен зелен чај и други внимателно селектирани мешавини. Leaf Society чаевите се достапни исклучиво во угостителски објекти, токму таму каде што потрошувачите најмногу уживаат во топли напитоци и моменти на споделување, дружење и добра енергија.

Комплетен свет на топли напитоци – на едно место

Со воведувањето на топли чоколади и Leaf Society чаеви, Barcaffè дополнително ја зацврстува својата позиција како сигурен партнер во HoReCa секторот и станува бренд што обединува целосен спектар на топли напитоци. Угостителите добиваат широк, стабилен и квалитетен асортиман, а гостите уште повеќе причини да се препуштат на уживање – без разлика дали бараат утринска енергија, попладневна утеха или ритуал на смиреност.

Barcaffè денес не е само синоним за врвно кафе. Тој е домаќин на цел универзум на топлина, мириси и уживање – создаден да го следи секој ритам, секоја сезона и секое расположение.

ФОТО: pexels