Што навистина пиеме? Подемот на specialty кафе културата
Кафето веќе не е само навика – станува искуство. Новите трендови ја менуваат перцепцијата за тоа што значи „добро кафе“. Дали навистина знаеме што пиеме?

Ја пребаравме планетата и ви подготвивме блескава листа на најдобрите и најфантастичните места за пијалак и добра забава
Жедни? Секако дека сте – а ние го имаме токму тоа што ви треба. Градовите ширум светот се преполни со брилијантни, иновативни и целосно откачени барови, каде што креативни миксолози протресуваат, мешаат и создаваат коктели, а шанкерите со внимание точат луксузни вина
Но кои се најдобрите? Подолу ќе најдете разновидно мени на енергии и вкусови: од елегантно винско катче во Мадрид до заводлив коктел-бар во Единбург. Ова се најдобрите барови во најдобрите светски градови…
View this post on Instagram
Каква е атмосферата? Trisha’s одамна важи за најкул место во Лондон. Од Ентони Бордејн до Ејми Вајнхаус – сите поминале низ овој доцновечерен бар за „одбрани“ луѓе. Атмосферата е „италијанеста“, а во овој жив подрумски простор ќе ги сретнете последните легенди на Сохо – вклучувајќи ја и иконската домаќинка Триша Бергонци. Познато е и по впечатливите оддели за пушачи.
Кога да одите? Вторниците се резервирани за хаотично караоке, а саботите – кога е преполно – за џез во живо.
Што да пиете? Другите барови во Сохо ќе ви понудат фенси коктели, но во Trisha’s поважно е со кого пиете отколку што пиете. Едно шише пиво е сосема доволно.
View this post on Instagram
Каква е атмосферата? Зошто да бирате меѓу квалитетни коктели и добра музика? Токму тоа прашање си го поставиле Матје Бирон и Гијом Кенза кога го создавале овој бисер – место каде коктел-мајсторот станува диџеј и обратно. Во Fréquence ќе најдете „груви“ колекција на грамофонски плочи и неодоливо мени инспирирано од јапонски вкусови. Што повеќе ви треба?
Кога да одите? Во петок по 2 часот наутро, кога атмосферата околу грамофоните се вжештува.
Што да пиете? Менито редовно се менува, но тука „шочу“ е најпопуларниот пијалак. Пробајте некој од тие коктели.
View this post on Instagram
Каква е атмосферата? Мексиканско-американски коктел-бар осветлен во црвено, на Lower East Side, дело на ветеранот во угостителството – Игнасио „Начо“ Хименез. Секогаш преполн со расположени њујорчани, со бачата и латино ритми, па дури и конги што свира до доцна во ноќта.
Кога да одите? Забавата трае секој ден, но кулминацијата е во петок и сабота – особено во топлите летни вечери. Само резервирајте однапред.
Што да пиете? Green Mango Martini или Roasted Corn Sour со прашок од запечена пченка одозгора.
View this post on Instagram
Каква е атмосферата? Инспириран од традиционалните римски улични барови, Bar Leone нуди автентично италијанско доживување среде SoHo во Хонг Конг. Со пријатен амбиент, рустичен декор и жива атмосфера, ова е идеално место за опуштена вечер со пријатели.
Кога да одите? Стигнете пред отворањето во 17 часот. Поради популарноста (меѓу локалците и благодарение на признанијата како „Best Bar in Asia“ и второто место на листата World’s 50 Best Bars 2025) веројатно ќе чекате ред – но вреди. Внатре ќе ве пречека коосновачот Лоренцо Антинори со својот тим. Гладни? Нарачајте го нивниот сендвич со мортадела и чадени маслинки.
Што да пиете? Olive Oil Sour – со капка екстра девствено маслиново масло кое му дава свиленкаста текстура и солен шмек.
View this post on Instagram
Каква е атмосферата? Ултра-хип, а сепак лежерен бар кој не делува многу „токиски“ – сè додека од терасата не го видите погледот кон Tokyo Tower. Со атмосфера како дневна соба, лесно се губи чувство за време. Шанкот е изработен од 300 години старо дрво од шинтоистички храм.
Кога да одите? Слоганот „pull up, ’fess up“ ќе ве охрабри да си ги „исповедате“ своите проблеми, па ова е идеалното место кога и да посакате да избегате од секојдневните притисоци.
Што да пиете? Од менито „Neko no Densetsu“ (Легенда за мачката) за 2025 издвојуваме Arigato El Gatto – освежителна мешавина од мезкал, соџу, лубеница и чили, како и Sore Wa Subarashi со коњак, какао и кокос, послужен во чинија за житарки.
View this post on Instagram
Каква е атмосферата? Во овој впечатлив бар за вино има 140 шишиња органско вино, а сомелиерот е и енергетски исцелител. Хозе, еден од пионерите на природното вино во Мадрид, има дарба да направи да се чувствувате подобро. Тоа го нарекува тоа „енергетска сомелиерство“. Од осветлувањето до минималистичкиот зен- ентериер и компактното, но вкусно мени – сè вибрира на повисока фреквенција.
Кога да одите? За место на заедничката метална маса за викенд – резервирајте. За поопуштена магија, фатете место на терасата во текот на неделата.
Што да пиете? Над 140 шишиња и 30 опции во чаша – вистинско патување низ Европа.
View this post on Instagram
Каква е атмосферата? Заводлива и софистицирана. Интимен подрумски бар во трендовскиот Стокбриџ, кој лесно можете да го одминете – но откако ќе влезете, ќе сакате да останете до затворање. Менито содржи домашни ликери, сирупи и коктели со необична комбинација на вкусови.
Кога да одите? Во петок по работа. Отворен е до доцна (за Единбург), со неонски натпис и црни ѕидови на кои дневното мени е испишано со креда.
Што да пиете? Kim’s Chi – соленкаст пијалак што ги буди сетилата, со ноти на мезкал и Ancho Reyes чили-ликер.
View this post on Instagram
Каква е атмосферата? Удобен, затемнет локал сместен во зграда од 1920-тите во неоренесансен стил – идеален за класични коктели од старата школа и елегантни закуски.
Кога да одите? Најдобро е да излезете порано од работа и да пристигнете околу 16 часот. Добредојдени сте секоја вечер во неделата.
Што да пиете? Освежителниот Picon Bierre е билет во еден правец до Франција, но Gibson Martini е секогаш сигурен избор.
View this post on Instagram
Каква е атмосферата? Амстердам има многу луксузни коктел-барови, но во лето ништо не го надминува Hannekes Boom – жив бар на отворено веднаш покрај реката. Толку блиску што можете да изнајмите чамец на лице место, а некои ќе допловат до вас, ќе нарачаат тура пива и ќе ги пијат од чамецот. Совршено место за старт на вечерта со поголемо друштво.
Кога да одите? Лето, без дилема. Шарени маси, кучиња, ладни пива, ниски дрвја и светилки. Отворено од 11 до 1 часот во текот на неделата, до 3 за викенд. Можете да нарачате и преку QR-код.
Што да пиете? Има изобилство од холандско крафт пиво – од sour до stout и pilsner. Jupiler е локалниот фаворит, достапен и во XL бокал за делење. Ако не сте по пиво, пробајте го Hannekes Spritz.
View this post on Instagram
Каква е атмосферата? Подрумски бар обоен во виолетови нијанси, осветлен со диско-топка, каде хедонизмот не само што е добредојден – туку активно се поттикнува. Секоја вечер има музика во живо, што е одлична вест за сите што сакаат да танцуваат до доцна.
Кога да одите? Отворен е до 4 часот наутро, од среда до недела. Ако ви се пие нешто доцна и ви се игра, ова е вистинското место. Но не е резервирано само за ноќни птици – имаат и одличен happy hour за старт на вечерта: остриги по 2 долари и ледено студени мартини за 12 долари.
Што да пиете? Пијалаците тука се чудни, откачени и со доза на носталгија. Од коктел инспириран од Cherry Ripe, преку пијалак што потсетува на Frosty Fruit, до Vegemite Martini. Ако сакате да излезете од рутината, ова е идеалното место за тоа.
ФОТО: ИНСТАГРАМ
Дознајте ги први сите новитети, ексклузивни понуди и настани!