Пребарување
Ресторан 18.02.2026

Свадба под ѕвездите: Ресторан Потковица нуди бајковита атмосфера за најубавиот ден

Aleksandar Nakov

Доколку сонувате за свадба како од бајка, со прв танц под ѕвездено небо и амбиент што одзема здив, Ресторан Потковица е местото каде што соништата стануваат реалност.

Лоциран во Рекреативниот центар Хиподром, овој уникатен ресторан на отворено со подвижен покрив нуди впечатливо и поинакво искуство за младенците и нивните гости.

Простор што импресионира – до 500 гости

Со капацитет до 500 гости, „Потковица“ е идеален избор за големи свадби, свечени настани, прослави и тим билдинг-активности. Просторот располага со хортикултурно уреден двор кој создава совршена сценографија за фотосесија, но и можност за организирање матично на отворено – во романтична и природна атмосфера.

Комбинацијата од елегантен амбиент, зеленило и модерен концепт со подвижен покрив овозможува настани во сите временски услови, без компромис со удобноста и стилот.

Пакет што ја олеснува организацијата

Покрај впечатливиот простор, младенците добиваат и комплетна поддршка за беспрекорна организација. Во понудата се вклучени:

  • Професионално осветлување

  • Шампањ за свечениот момент

  • Невестинска торта

  • Декорација

  • Апартман за младенците

  • Хостеси за сместување на гостите

Сè е внимателно осмислено за денот да помине безгрижно, исполнет со емоции и убави моменти за паметење.

Контакт

📍 Ул. 1640 бр. 21, Рекреативен центар Хиподром
📞 070 279 825
📧 potkovica.hipodrom@gmail.com
📲 Instagram: @restoran_potkovica

Заедно создадете спомени што ќе траат цел живот – во амбиент каде што љубовта се слави под отворено небо.

Текст и фото: ПР