Лоциран во Рекреативниот центар Хиподром, овој уникатен ресторан на отворено со подвижен покрив нуди впечатливо и поинакво искуство за младенците и нивните гости.
Простор што импресионира – до 500 гости
Со капацитет до 500 гости, „Потковица“ е идеален избор за големи свадби, свечени настани, прослави и тим билдинг-активности. Просторот располага со хортикултурно уреден двор кој создава совршена сценографија за фотосесија, но и можност за организирање матично на отворено – во романтична и природна атмосфера.


Комбинацијата од елегантен амбиент, зеленило и модерен концепт со подвижен покрив овозможува настани во сите временски услови, без компромис со удобноста и стилот.
Пакет што ја олеснува организацијата
Покрај впечатливиот простор, младенците добиваат и комплетна поддршка за беспрекорна организација. Во понудата се вклучени:
-
Професионално осветлување
-
Шампањ за свечениот момент
-
Невестинска торта
-
Декорација
-
Апартман за младенците
-
Хостеси за сместување на гостите
Сè е внимателно осмислено за денот да помине безгрижно, исполнет со емоции и убави моменти за паметење.
Контакт
📍 Ул. 1640 бр. 21, Рекреативен центар Хиподром
📞 070 279 825
📧 potkovica.hipodrom@gmail.com
📲 Instagram: @restoran_potkovica
Заедно создадете спомени што ќе траат цел живот – во амбиент каде што љубовта се слави под отворено небо.
Текст и фото: ПР







