Latte art – уметност што ги поврзува баристата, кафето и гостинот
Во светот на угостителството, каде што деталите прават разлика, latte art стана препознатлив симбол на професионализам и креативност. Техниката на украсување кафе со млечна пена не само што го збогатува визуелниот изглед на напитокот, туку создава и посебно искуство за гостинот. Професионалниот бариста Бојан Стилин објаснува дека latte art не е само украс, туку вештина што бара познавање на кафето, опремата, температурата на млекото и прецизна рака.







