Вранец во фокус: 8 препораки за вина што го освојуваат пазарот
Светскиот ден на Вранецот е идеален момент да се потсетиме на силата и автентичноста на оваа балканска сорта што сè посигурно го зазема своето место меѓу светските вина. Вранец – вино со длабока боја, силен карактер и уникатно потекло – денес е неизбежна тема за сите што креираат вински листи, дистрибутивни селекции и професионални дегустации. Ова се осум препораки за вина од Вранец кои оваа година блеснаа на престижното натпреварување Decanter World Wine Awards и поставија нови стандарди за оваа сорта.






