Сајдер како одговор на очекувањата на потрошувачите и нов тренд во индустријата на пијалаци
Трендот на сајдер во индустријата на пијалаци сè повеќе се наметнува како релевантна тема за HoReCa секторот, во моментот кога глобалната консумација на алкохол се менува под влијание на економските притисоци, новите животни стилови и различните очекувања на потрошувачите. Додека продажбата на силни алкохолни пијалаци и пиво во одредени сегменти стагнира или опаѓа, сајдерот бележи стабилен раст и сè пошироко присуство во барови, ресторани и хотели.







