Скопската чаршија не е само туристичка дестинација – таа е живот, историја и душата на градот, како што истакнува модната инфлуенсерка и маркетинг-менаџерка во Fashion Group, Даниела Ѓуровска.
„Секој чекор во чаршијата дише историја. Калдрмата, старите дуќани, мирисот на свежо кафе и звукот на занаетчиите раскажуваат приказни стари стотици години“, вели Даниела.
„Чудно ми е кога слушам дека некој не бил овде со години, бидејќи за мене, чаршијата секогаш била на „агендата“, дури и пред да почнам да живеам во Скопје.“
Мир во срцето на градот
Даниела го започнува својот ден со чаша кафе и поглед кон Кале, момент на мир пред секојдневниот хаос на метежот и брзината на градот.
„Првата прошетка со мојот син, Давуд, беше токму овде“, додава таа, „и тоа ми е еден од најубавите спомени.“
За туристите, чаршијата е магнет за восхит, но за оние што тука живеат, вистинската убавина е во секојдневното доживување на местото – во деталите што раскажуваат приказни, во соседите и занаетчиите што ја одржуваат традицијата жива.
Чаршијата – чувар на сеќавања и инспирација за иднината
„Скопската чаршија крие најубави скопски приказни, а ние имаме задача да создадеме нови, да ја чуваме и цениме, бидејќи друга ваква немаме“, вели Даниела.
За неа, ова место е повеќе од пазар – тоа е инспирација, спој на минатото и сегашноста, и срцето на градот што продолжува да чука во ритамот на секојдневниот живот.
Старата скопска чаршија е доказ дека историјата и современиот живот можат да коегзистираат во хармонија, оставајќи простор за нови спомени, емоции и приказни што ќе се пренесуваат од генерација на генерација.
Подготвила: Марија Лукаревска ФОТО: Приватна архива / Даниела Ѓуровска
Луксузниот бренд Orient Express влегува во нова ера на патувања со спектакуларниот Corinthian – најголемата едрилица во светот. Покрај сместување од највисока класа, гостите ќе уживаат во врвна гастрономија и богата коктел-понуда.
Модерната гастрономија сè повеќе ја спојува традицијата со иновацијата, создавајќи јадења што го почитуваат минатото, но зборуваат на јазикот на сегашноста. Во таа рамнотежа се раѓа новата кулинарска уметност.
Во време кога класичните ресторани сè потешко ги оправдуваат високите трошоци, а „fine dining“ концептот станува сè понепристапен и поексклузивен, еден формат тивко, но сигурно ја презема глобалната гастрономска сцена – бистрото.
Наместо раскош и претерана демонстрација на богатство, современиот туризам и гастрономија сè повеќе се насочуваат кон суптилен, ненаметлив луксуз. Трендот „quiet luxury“ го става фокусот на квалитет, дискретност и искуство што не мора да се истакнува за да биде впечатливо.
Пријавете се на нашиот newsletter
Дознајте ги први сите новитети, ексклузивни понуди и настани!
Оваа страница користи колачиња (cookies). Со продолжување со користење на страницата се согласувате со нашата употреба на колачиња.