Вино, маслиново масло и топол домашен леб: Старата гаража во Истра сега е место за уживање
Една семејна идеја прерасна во дегустациски простор каде гостите можат да пробаат локални вина, сопствено маслиново масло и свеж sourdough леб.

Новиот OVR Seal треба да им овозможи на љубителите на виното полесно да препознаат шишиња направени од грозје од документирано стари лозја, со пет различни старосни категории.
Кога на шишето ќе прочитате дека виното е направено од грозје од „старо лозје“, досега не постоеше единствен систем кој јасно ќе ви покаже колку навистина се стари тие насади. Тоа сега се обидува да го промени Old Vine Registry, кој на 1 октомври го претстави новиот OVR Seal, наменет за вина произведени од грозје од регистрирани стари лозја.
Печатот ќе има пет старосни категории – 35+, 50+, 75+, 100+ и 150+ години. За виното да може да го користи OVR Seal, најмалку 85 отсто од грозјето треба да потекнува од лозја регистрирани во Old Vine Registry и да ја исполнува соодветната старосна категорија. Така, наместо „старо лозје“ да остане само маркетиншка фраза, купувачот ќе може да добие поконкретна информација за потеклото на грозјето.
Зад идејата стои Old Vine Registry, глобална база која веќе има регистрирано повеќе од 12.500 лозја во 43 земји. Меѓу првите производители кои ќе го користат новиот печат се винарии од различни делови на светот, вклучувајќи ги САД, Чиле, Бугарија, Грција, Аргентина и други вински региони.
Важно е што печатот не претставува оценка за квалитетот на самото вино, ниту гаранција за одржливост или одреден начин на производство. Тој потврдува конкретна работа: дека грозјето доаѓа од регистрирано лозје со одредена старост. На тој начин, приказната за едно вино може да започне многу пред бербата – со лозите кои можеби стојат на истото место со децении, па и повеќе од еден век.
Фото: foodandwine.com
Дознајте ги први сите новитети, ексклузивни понуди и настани!