Зошто професионалните апарати за кафе се клуч на премиум угостителската услуга
Како професионалната опрема за кафе станува стандард во модерниот HoReCa сектор и го дефинира целокупното искуство на гостите.

Наместо гласна музика и преполни дискотеки, сè повеќе млади низ светот избираат вински барови, коктел салони и „slow nightlife“. Странските lifestyle портали пишуваат дека Gen Z генерацијата бара атмосфера, разговор и гастро-искуство наместо класично излегување.
6
Ноќниот живот полека добива ново лице. Во големите европски градови, но и во САД, винските барови стануваат омилено место за излегување кај помладата публика. Наместо клубови со гласна музика, младите избираат помирна атмосфера, добар коктел и квалитетна храна. Според странските медиуми, трендот најмногу го предводи Gen Z генерацијата.
Lifestyle магазините пишуваат дека младите денес повеќе ја ценат атмосферата отколку класичната забава. Винските барови и cocktail lounge концептите нудат интимност, естетика и можност за дружење без притисок. Социјалните мрежи дополнително влијаат ваквите места да станат популарни. Фотографиите од внимателно сервирани пијалаци и модерни ентериери стануваат дел од новиот lifestyle.
Во исто време, експертите забележуваат дека младите консумираат помалку алкохол од претходните генерации. Наместо количина, фокусот е ставен на квалитет и искуство. Затоа и баровите сè повеќе нудат premium коктели, локални вина и специјални дегустации. Трендот се поврзува и со растечкиот wellness lifestyle.
Светските вински експерти велат дека индустријата мора да се адаптира на новите навики. Виното денес се претставува на помодерен и попристапен начин. Младите сакаат опуштена атмосфера, без строги правила и формалности. Токму затоа modern wine bars стануваат новите урбани точки за дружење.
Според аналитичарите, овој тренд ќе продолжи и во следните години. Баровите што нудат уникатно гастро-искуство, добра музика и визуелна естетика ќе бидат најпосетени. Ноќниот живот полека се трансформира од масовна забава во персонализирано искуство. А чашата вино станува нов симбол на модерното излегување.
pexels-creative-vix-370984 (1)
Дознајте ги први сите новитети, ексклузивни понуди и настани!