Хотелот некогаш имаше ресторан затоа што гостите мораа да јадат. Денес ситуацијата е обратна: хотелите градат ресторани и барови кои треба да бидат причина луѓето воопшто да дојдат. Тоа е една од најголемите промени во модерната HoReCa индустрија.
Најдобар пример во регионот е новиот Pical Resort во Пореч. Комплексот има седум ресторани, девет барови и 11 базени, со што практично станува мала гастрономска дестинација сама за себе. Таквиот модел покажува дека хотелската понуда повеќе не се мери само со бројот на соби и базени, туку и со тоа колку различни гастрономски искуства може да понуди.
Во светот, пак, се шири моделот на all-day hospitality. Просторот наутро функционира како кафе-бар, попладне како ресторан, а навечер како cocktail или wine bar. За гостите тоа значи поголем избор, а за сопствениците – подобро искористување на просторот во текот на целиот ден.
Посебно интересен е порастот на хотелските rooftop барови и ресторани. Погледот станува дел од производот, а коктелот или вечерата стануваат искуство кое лесно се споделува на социјалните мрежи. Во градовите каде што туризмот расте, rooftop концептот често станува една од главните атракции и за луѓето кои воопшто не се сместени во хотелот.
И рестораните учат од хотелите. Сè повеќе места нудат breakfast, brunch, afternoon drinks, dinner и late-night бар во еден концепт. На тој начин ресторанот повеќе не зависи само од два „ударни“ термини – ручек и вечера – туку може да има гости од утро до полноќ.
Најголемата промена, сепак, е во начинот на размислување. HoReCa веќе не продава соба, маса или пијалак одделно – продава време поминато на едно место. Колку подолго гостинот сака да остане, толку поголема е шансата хотелот или ресторанот да стане негово „место“, а не само една адреса на која случајно вечерал.
pexels – gastro – restoran – hotel –