Кафето влегува во фаза во која повеќе не е доволно да пишува само „еспресо“ на менито. Новата генерација кафулиња зборува за потекло, сорта, надморска височина, начин на обработка и профил на вкус. Specialty Coffee Association го дефинира specialty кафето како кафе со висок степен на квалитет и вредност низ целиот синџир – од производителот до шолјата.
Еден од најинтересните трендови е coffee tasting, односно дегустација на повеќе различни кафиња на сличен начин како винска дегустација. Гостите можат да споредуваат различни региони и начини на обработка и да откриваат дека кафето може да има ноти на цитрус, јасмин, чоколадо, бобинки или карамела. Така, кафето постепено го презема јазикот што со години му припаѓаше на виното.
Уште поинтересен е порастот на cold brew, espresso tonic и други пијалаци базирани на кафе, особено кај помладите гости. Кафето се меша со тоник, цитрус, млеко, зачини или други состојки, а границата меѓу кафе-бар и коктел-бар станува сè потенка.
Истовремено, кафето станува дел од ресторанската гастрономија. Сè повеќе места обрнуваат внимание на тоа кое кафе се служи по оброкот, како се меле, со каква вода се подготвува и на која температура. Некои ресторани дури нудат посебни coffee pairings, со што кафето престанува да биде последната ставка на менито и станува дел од целото гастрономско искуство.
Но најголемата промена можеби е во односот кон потрошувачот. Гостите повеќе не сакаат само кофеин – сакаат приказна. Сакаат да знаат од каде е зрното, како е обработено и зошто една шолја чини 3, 4 или 5 евра. Кафето така станува слично на виното: производ кој можеш само да го испиеш, но можеш и да го истражуваш.
pexesl – kafe