Пребарување
Шеф 14.09.2026

Еве како професионалните готвачи динстаат кромид: Никогаш веќе нема да имате непријатни мириси!

Marija Lukarevska

Познати готвачи откриваат како правилно се динста кромид

Динстањето кромид е нешто на коешто честопати не обрнуваме внимание. Го сечкаме кромидот, загреваме масло и го ставаме кромидот да се динста, додека правиме нешто друго.

Сепак, светските готвачи имаат свој трик, па така Гордон Ремзи додава сода бикарбона и шеќер во кромидот за варива и сосови, за да се издинста што побрза, а кромидот да биде посочен и повкусен.

Освен тоа, овој трик го спречува и ширењето на мирисот на кромидот низ целата куќа. Виновникот за непријатниот мирис е ослободувањето сулфур од кромидот при термичката обработка.

Покрај тоа што нема да се шири непријатен мирис, кромидот ќе се згусне, па ќе биде полесен за варење. Исто така, ако за јадењето што го приготвувате со динстан кромидот треба да се направи запршка, слободно можете да ја прескокнете – кромидот издинстан со сода ќе му ја даде потребната густина на јадењето.

Овој трик го применуваат готвачите во големите ресторани и хотели.