Пребарување
Хотел 12.05.2026

5 најбизарни хотели во светот: Нема да ви се верува колку пари даваат луѓето за да спијат ОВДЕ!

Marija Lukarevska

Петте најбизарни хотели во светот имаат едно нешто заедничко – уникатноста. Никогаш не би можеле ни да си замислите ваков престој!

Ве водиме во петте најбизарни хотели во светот…

1. Хотел под море на Занзибар

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝑪𝒂𝒔𝒔 𖤓 (@casseaopee)


На брегот на Танзанија можете да престојувате во хотел чии спални соби се наоѓаат под вода. Хотелот се наоѓа во одморалиштето Манта на Занзибар, на сплав покрај брегот. Сплавот е поделен на три ката. На терасата на покривот се сончате, а спиете под море.

Оние кои спиеле во овој хотел велат дека никаде не се одмориле така како овде. Погледот на подводниот свет на Индискиот Океан е кристално јасен, а навечер под вода пловат мали ламби кои го осветлуваат тој подводен свет.

2. Хотел во рудник за сребро во Шведска


Апартман во рудник за сребро или спиење во подземјето – Силвермајн холте во Шведска е веројатно еден од најатрактивните хотели во светот. Она што порано било рудник за сребро, сега е хотел кој се наоѓа на длабочина од 155 метри.

Управата советува да си понесете топла облека, бидејќи надвор од хотелските соби во тунелот, температурата е околу 3 степени. Мобилните телефони долу немаат мрежа, па одморот е гарантиран. Цените се движат во зависност од ексклузивноста на собата, а обично тоа е околу 4290 шведски круни за една вечер.

3. Хотел со жирафи во Кенија


Ако сакате сафари, одете во Кенија во најпознатиот хотел на светот во кој домаќини се жирафи. Среде појадок, низ прозорецот од трпезаријата се провлекува глава на голема жирафа, која би сакала со вас да ги подели колачот или чајот.

Храна за жирафите има на секој прозорец и маса во овој хотел. Животните знаат дека тука ќе најдат за јадење, па со задоволство доаѓаат. Овој хотел овозможува одлична интеракција со овие необични животни, кои никаде на светот не би можеле да ги видите така одблизу, да ги галите и да се сликате со нив. Овој хотел е еден од најскапите во светот, а цените варираат во зависност од годишното време.

4. Хотел на дрво во Шведска


Ако во детството сте сонувале за куќичка на дрво, туку сонот може да ви се претвори во реалност. Во мирниот дел на Шведска, овој хотел е сместен на крошните на миризливи дрвја.

Различни соби ги дизајнирале различни дизајнери, а чувството да се спие во крошна на дрвја е нереално. Цената за ноќевање е околу 550 долари, но одморот е гарантиран.

5. Хотел во планина во Чиле


Хотелот во планините во Чиле е едно од најпознатите ексклузивни места. Ако престојувате овде, ќе имате чувство дека се наоѓате среде книгата „Господар на прстените“.

Хотелот е на тревно брдо, а се влегува во средиштето на тоа брдо, кое, всушност, е местото за престој. Од врвот до подножјето на брдото се слева водопад, додека хотелот се состои од материјали кои придонесуваат за магијата на тоа место. Еднокреветна соба чини 215 долари за една вечер, а тука најчесто престојуваат љубители на природата на авантуристи.

ФОТО: Инстаграм