LODGING Magazine неодамна објави анализа според која food & beverage секторот е важен дел од гостинското искуство, а хотелите сè повеќе вложуваат во поавтентични ресторани, локални производи и пософистицирани безалкохолни пијалаци.
Но, тука се случува уште една интересна промена. Хотелскиот ресторан повеќе не треба да изгледа како место каде што гостите од хотелот само ќе појадуваат. Целта е да стане ресторан во кој би дошол и некој што воопшто нема резервирано соба.
Токму затоа се појавуваат концепти со локални шефови, сезонски менија, локални намирници и атмосфера која повеќе потсетува на популарен градски ресторан отколку на класичен хотелски ресторан.
Овој пристап има логика и од деловен аспект. Ако ресторанот и барот се привлечни за локалните жители, хотелот не зависи само од своите гости. Местото може да работи како посебна гастро-дестинација во која луѓето доаѓаат на вечера, пијалак или специјален настан.
LODGING Magazine во друга анализа го издвојува токму овој пристап – хотелските ресторани се обидуваат да создадат чувство дека се независни локални места, а не само „хотелски ресторани“.
Интересот оди и кон поавтентични искуства. Наместо стерилен простор и стандардизирана понуда, гостите бараат нешто што е поврзано со градот, регионот и локалната гастрономија.
Тоа значи дека иднината на хотелите можеби ќе се гледа и преку чинијата пред гостинот. Добрата соба е важна, но интересниот ресторан, барот и целото гастро-искуство можат да бидат причина некој повторно да се врати.
pexels – hotel -soba -hrana