По препорака на Давор Панчевски (@daveskitchenofficial), во класичниот омлет додадовме суви пиперки и добивме комбинација што воодушевува со богат вкус и домашен шмек. Идеален е за бавни утра, викенд појадоци или кога сакате нешто едноставно, а посебно.
Омлет со суви пиперки
Потребни состојки:
- 3 јајца
- масло за јадење
- 2 суви пиперки (може и свежи)
- сол по вкус
- овчо сирење за послужување
Начин на подготовка:
- Во загреано тавче ставете масло и оставете го да се загрее две-три минути.
- Изматете ги јајцата со виљушка и ставете ги во тавчето со врелото масло.
- Додајте ја ситно исечканата сува или свежа пиперка и превртете го омлетот за да се испржи и од другата страна.
- Посолете по вкус и послужете со овчо сирење.
Едноставно, брзо и превкусно – рецепт кој ќе го подготвувате повторно и повторно!
Забавно готвење!
Текст: Cafebarrestoran