Во тестирањето, во кое учествуваа професионални баристи предводени од експертката Ерин Мајстер, беа оценувани текстурата на пената, вкусот и балансот со еспресо. Целта беше да се утврди која растителна алтернатива најдобро може да го замени кравјото млеко во подготовката на кафе.
Најдобри резултати за пена постигна млекото од протеин од грашок, кое создаде густа, кремаста и стабилна микропена погодна и за лате и за капучино. Второ место освои овесното млеко, а трето соиното, додека млекото од коноп пријатно изненади со својата текстура.
Кокосовото млеко се покажа како најслаба опција. Поради ниската содржина на протеини не успева да формира квалитетна микропена, па капучиното и латето остануваат со ретка и нестабилна структура.
Кога станува збор за вкусот, најдобри оценки добија овесното и млекото од макадамија. Дегустаторите ги пофалија нивната природна сладост и добриот баланс со еспресото, додека млекото од протеин од грашок беше веднаш зад нив. Коноповото млеко имаше специфичен вкус, а бадемовото остана при дното на листата.
Тестирањето покажа дека најдобар избор за професионалните баристи се млекото од протеин од грашок, овесното и млекото од макадамија. Сепак, изборот зависи од видот на кафето, апаратот и пијалакот што се подготвува.
Иако кравјото млеко сè уште е златен стандард за подготовка на кафе поради идеалната комбинација на масти и протеини, растителните алтернативи постојано напредуваат. За угостителите тоа значи поголем избор и можност да одговорат на растечката побарувачка за растителни напитоци без компромис во квалитетот.
pexesl – kafe