Гости или клиенти? Дебата што ги подели рестораните ширум светот

Гостин или муштерија?

Според официјалниот речник, гостин може да биде човек дојден на гости во нечиј дом, човек кому му се укажува посебна гостопримливост и чест или човек кој плаќа за услугите во одреден објект (како хотел или ресторан).

Муштерија, пак, е лице кое само плаќа за одредена услуга.

Можеби ви се чини како да нема речиси никаква разлика меѓу двата поима, но повеќето угостители сметаат дека изборот на зборови е одраз на целосната филозофија за гостопримливоста на одреден ресторан.