Добриот работник не заминува секогаш поради платата: Грешки на менаџерите што ги празнат ресторанските тимови
Недостигот од квалитетен персонал не е единствениот проблем во угостителството. И кога ќе најдат добри келнери, готвачи и шанкери, рестораните се соочуваат со уште поголем предизвик – како да ги задржат. Одговорот често не е само во висината на платата, туку и во начинот на кој се управува со луѓето.







