Рестораните го напуштаат кичот: „Тивкиот луксуз“ е новиот гастро-хит во 2026 година

Помалку злато, помалку спектакл и помалку „вау“ декорации – а повеќе врвна храна, локални производи, добро вино и беспрекорна услуга. Новиот луксуз во рестораните не мора да изгледа скапо за да биде скап.

Тренд 21.08.2026

Тивок луксуз: Новата естетика што ги редефинира рестораните и хотелите

Наместо раскош и претерана демонстрација на богатство, современиот туризам и гастрономија сè повеќе се насочуваат кон суптилен, ненаметлив луксуз. Трендот „quiet luxury“ го става фокусот на квалитет, дискретност и искуство што не мора да се истакнува за да биде впечатливо.