Gen Z го менува ресторанскиот бизнис: заедничките маси стануваат нов светски тренд
Новата генерација гости сè повеќе ја менува класичната структура на рестораните. Наместо приватни и одвоени маси, се враќа концептот на заедничко седење и споделување простор. Овој тренд особено е присутен кај урбаните ресторани и модерните бистроа. Целта е создавање на посоцијално и интерактивно искуство.







