Од фарма до маса: Вистинска приказна или само добар маркетинг?
„Од фарма до маса“ звучи примамливо, но дали е секогаш вистина? Истражуваме колку рестораните навистина ги следат овие принципи. Дали станува збор за тренд или реалност?

Индустријата на кафе се трансформира пред воведувањето на новите европски регулативи, кои влијаат на производство, преработка, пакување и дистрибуција. Од PPWR правилата за амбалажа до EUDR регулативата за одржливост, се очекуваат значајни промени што ќе влијаат на набавката, квалитетот и цената на кафето во ресторани, барови и хотели.
Индустријата на кафе и новите регулативи
Европскиот пазар на кафе доживува најголеми регулаторни промени во последната деценија, а Италија, со над 430.000 тони годишно, е водечка во дискусијата за предизвиците и новите стандарди. Новите правила за пакување и EUDR бараат целосна следливост на потеклото на кафето, што носи нови обврски, но и поголема транспарентност. Дополнително, се нагласуваат норми за контаминанти и пестициди, како и потребата за одржливост и намалување на CO₂ отпечатокот во целата вредносна синџир.
Италијанскиот пример и глобалниот контекст
Italian Coffee Committee, со над 65 компании што покриваат околу 80% од италијанскиот пазар, ја води индустријата кон заштита на квалитетот и креирање регулативен оквир. Во 2024, Италија произведе над 430.000 тони кафе, со 1.000 пржиничари, додека сегментот на капсули и single-serve решенија расте, а меленото кафе бележи благо намалување.

Глобалните движења на увоз и извоз, особено со Бразил и Виетнам, ја потврдуваат улогата на Италија како центар на преработка и дистрибуција на кафе.
Што ова значи за регионот
Според едни анализи правени за соседна Србија, индустријата на кафе ќе почувствува зголемена важност на следливоста и документацијата, бидејќи тоа станува стандарден услов при избор на добавувачи. Во хотели со повисок ранг, одржливоста и транспарентноста ќе бидат клучни за премиум понудата. Растот на капсули и single-serve решенија ќе налага диверзификација на менито, додека ценовната нестабилност ќе бара подобро планирање и стабилни партнерства со пржиничари. Брендовите кои инвестираат во квалитет и одржливост ќе имаат полесен пристап до премиум и fine dining сегментот.
Заклучок

Европската индустрија на кафе се движи кон построга регулатива, поголема одржливост, поголема транспарентност и се пософистициран краен потрошувач, што ќе ја обликува иднината на HoReCa секторот и пазарот на кафе во регионот.
ФОТО: pexels
Дознајте ги први сите новитети, ексклузивни понуди и настани!