Пребарување
Wine & Spirit 13.02.2026

Зошто угостителите сè повеќе прашуваат за Plavia – првата српска ракија од боровинки?

Dimitar Babalkov

Во време кога гостите бараат пијалаци со приказна и душа, Plavia се истакнува како бренд кој автентичноста ја претвора во уникатно гастрономско искуство.

Plavia е првата српска ракија од боровница, произведена на семејна плантажа во западна Србија. Секој плод се бира внимателно, а ферментацијата се води рачно, според традиционални методи и современ пристап кон дестилацијата – без брзање, без компромиси и со целосна посветеност на квалитетот.

За угостителите кои сакаат да понудат локални и препознатливи производи, Plavia претставува автентичен додаток на листата пијалаци – ракија која раскажува приказна за домашно потекло и современ идентитет.

На неодамнешниот Food Connections Meet Up, Plavia привлече внимание на бројни професионалци од угостителството и барската сцена, потврдувајќи дека пазарот сè повеќе ја препознава вредноста на производи кои се базираат на внимателно изградени партнерства, а не на масовна дистрибуција.

Семејството кое стои зад Plavia верува дека односот со секој ресторан, бар или хотел е повеќе од бизнис договор – тоа е дел од заедничка приказна за вкус, квалитет и доверба. Брендот комбинира традиционална домашна продукција со иновативен пристап, создавајќи премиум ракија која носи топлина и гастрономско задоволство.

Во иднина, Plavia планира соработка со избрани ресторани и концепт-простори, како и лансирање на лимитирани пакети за подароци за празничната сезона и корпоративни настани. Секоe шише ќе биде подарок со порака – спој на наследство, традиција, природа, елеганција и рачна изработка.

Покрај тоа, Plavia наскоро ќе биде достапна и на Duty Free Belgrade, што ја потврдува нејзината способност да ја претстави српската ракија на меѓународната сцена.

ФОТО: cafebarrestoran.rs