Негативните коментари на социјалните мрежи можат значително да влијаат на репутацијата на хотелот. Денес потенцијалните гости често одлучуваат врз основа на искуствата на другите, дури пред да ја посетат официјалната веб-страница или да контактираат директно. Затоа, начинот на кој реагирате на јавните критики е дел од целокупното корисничко искуство.
Негативните коментари не мораат да бидат закана за бизнисот. Со професионален пристап, тие можат да станат алатка за подобрување на услугата и градење доверба кај идните гости.
Не водете се со емоции Природно е да сакате да се оправдате кога читате критики, но одговарањето со одбрана или префрлување на вината нема да помогне. Фокусирајте се на поентата на гостинската перцепција, одговорете смирено и професионално, без лични забелешки.
Кратки и унифицирани одговори На негативен коментар, краток и учтив одговор како „Жал ни е што имавте такво искуство“ покажува дека сте го забележале коментарот, без да започнувате долга расправа. По потреба, поканете го гостинoт да контактира директно за детална дискусија.
pexels-amelia-hallsworth-5461604
Коментарите како бесплатна анализа Секој негативен, но и позитивен коментар е вредна информација. Бележете ги за да ја подобрите услугата и да ја разберете перцепцијата на гостите. На тој начин, коментарите стануваат алатка за подобрување на хотелот и донесување паметни деловни одлуки.
Гостите не се секогаш во право Иако постои перцепција дека „гостинoт секогаш е во право“, реалноста е поразлична. Некои гости може намерно да ширaт невистини. На такви коментари не е потребно да се одговара со „благодарам“; други корисници ќе ја согледаат вистината преку вашиот смирен и професионален пристап.
Заклучок Клучот е да ги слушате гостите и да одговорите професионално. Дури и кога гостинoт не е во право, со внимателен и смирен одговор, можете да создадете впечаток на грижа и професионализам, оставајќи задоволен посетител кој се чувствува слушнат и почитуван.
Хотелските ресторани сè помалку се позиционираат како места наменети исклучиво за гостите што престојуваат во хотелот. Новата стратегија е да станат препознатливи гастрономски адреси во градот, со сопствен идентитет, публика и причина за повторна посета. Наместо да чекаат туристите да слезат на појадок или вечера, тие активно се натпреваруваат за вниманието на локалните жители.
Коктелите стануваат важен дел од идентитетот на современите хотели, а баровите сè повеќе се развиваат како самостојни гастрономски дестинации. Годишната прогноза на Kimpton за 2026 година ги издвојува локалните состојки, културните влијанија, новите техники и пијалаците со малку или без алкохол како важни насоки за развојот на барската сцена.10
Хотелскиот бренд Mondrian за првпат доаѓа во Турција, преку проект на Егејското крајбрежје во соработка со Cactus Group. Новиот adults-only ресорт ќе има 108 соби, апартмани и вили, пет ресторански и барски концепти, beach club и велнес-центар.
По две децении, Fairmont се враќа во Њу Орлеанс со хотел со 250 соби, ресторани на познатиот готвач Emeril Lagasse и нови коктел-концепти. Отворањето го означува стотиот хотел во глобалното портфолио на брендот.
Пријавете се на нашиот newsletter
Дознајте ги први сите новитети, ексклузивни понуди и настани!
Оваа страница користи колачиња (cookies). Со продолжување со користење на страницата се согласувате со нашата употреба на колачиња.