Пребарување
Wine & Spirit 03.03.2026

Четири карактери, еден потпис – Кумова ракија

Dimitar Babalkov

Приказната за посветеност, внимание и љубов вткаена во секоја капка Кумова ракија создава поинаков доживување. Дестилирана во бакарни колони на Тиквеш, според рецептура инспирирана од старата армањак традиција, овие ракии ја чуваат чистотата на грозјето и имаат карактер што се памети долго по секој голток.

Кумова ракија – премиум избор за секоја пригода

kumova rakija tikves

Кумова ракија – Бела е освежувачка лозова ракија која се служи добро изладена и плени со својот свеж, цветен карактер. Совршено се комбинира со бели сирења, грилувана риба и лесни јадења, нагласувајќи ги деликатните ароми на секој залак.

Кумова ракија – Жолта нуди топлина и златна полнота, со препознатлива арома на мускатно грозје. Одлично се спарува со кашкавал, ајвар, како и со смокви и ореви, откривајќи ноти на ванила, суво овошје и благи медени завршетоци.

Кумова ракија – Традиционална е силна и чиста ракија со изразен карактер, која бара конкретни, солени сувомесни производи, кисели краставички и зрели сирења. Со леб од печка открива директна арома без непотребни украси.

Кумова ракија – Резерв е наменета за подолги, подлабоки моменти и се издвојува со топла, зачинета елеганција. Нежните ноти на карамела, суво овошје и ванила совршено се совпаѓаат со печено јагне, зрели сирења, јаткасти плодови и темно чоколадо.

ФОТО: cafebarrestoran.rs