Баровите ова лето нудат пијалаци кои изгледаат како сладолед, но содржат внимателно избрани алкохолни состојки и премиум ликери. Ванила, ф’стаци, карамела, кокос и чоколадо се меѓу најчестите вкусови.
Миксолозите користат техники за замрзнување и кремасти текстури кои досега беа резервирани за слаткарството. Резултатот е коктел кој се консумира како десерт.
Особено популарни се варијациите инспирирани од sundae, gelato и soft-serve сладолед, украсени со овошје, чоколадо или карамелизиран шеќер.
Освен вкусот, голема улога игра и визуелниот изглед. Овие коктели се меѓу најфотографираните пијалаци на социјалните мрежи, што дополнително ја зголемува нивната популарност.
Експертите очекуваат frozen dessert cocktails да останат еден од најголемите летни трендови и во наредните сезони.
pexels – kokteli pina kolada