Сладоледот не е само омилено летно освежување, туку и инспирација за неверојатни светски рекорди. Еден од најимпресивните е рекордот за највисок сладолед во корнет, кој достигнал висина од 3,08 метри. Огромниот десерт бил направен во Норвешка во 2015 година, а содржел повеќе од 1.000 литри сладолед.
Љубителите на сладолед поставиле и рекорд за најмногу топки сладолед наредени на еден корнет. Во Истанбул во 2025 година, биле успешно наредени дури 132 топки сладолед без да паднат, со што бил поставен нов Гинисов рекорд.
Интересен рекорд држи и една слаткарница во канадскиот град Ванкувер, каде што во понуда има дури 238 различни вкусови сладолед во исто време. Низ годините таму биле создадени повеќе од 500 различни вкусови, од класични до сосема необични комбинации.
Светот на сладоледот е полн со необични достигнувања – од најбрзо подготвен литар сладолед за само 10,34 секунди, до огромни ледени десерти тешки стотици килограми. Очигледно, кога станува збор за ова омилено летно уживање, човечката креативност нема граници.
pexels – sladoled