Зошто на одмор секогаш јадеме повеќе, а имаме чувство дека сме полесни
Тајната не е во калориите, туку во начинот на кој живееме кога сме далеку од дома.

Најверојатно ги фрлате најдобрите делови од лубеницата. Кулинарските експерти откриваат како да ги зачините и приготвите хранливите семки од лубеница
Многумина од нас уште од детството ја слушале приказната дека ако проголтаме семка од лубеница, во стомакот ќе ни порасне лубеница. Иако оваа идеја одамна е разоткриена како мит, многумина и понатаму ги избегнуваат семките. Но, дали навистина има причина за тоа?
Според нутриционистите и кулинарските експерти, одговорот е едноставен – семките од лубеница се целосно безбедни за јадење, а притоа се и изненадувачки хранливи.
И малите бели семки што се наоѓаат во безсемените лубеници и поголемите црни семки од класичните сорти можат безбедно да се консумираат.
Белите семки се всушност незрели семени обвивки и можат да се јадат заедно со плодот без никаков проблем. Црните семки исто така се јадат, но кога се сурови се потврди и потешко се варат, особено ако се изедат во поголеми количини. Затоа експертите препорачуваат претходно да се испечат или потпечат.
Освен што се безбедни, семките од лубеница имаат и добра хранлива вредност. Тие содржат:
Според нутриционистите, по својот нутритивен состав тие најмногу потсетуваат на семките од тиква. Како препорачана количина се наведуваат една до две лажици како додаток во оброк или околу 30 грама како ужина.
За најдобар вкус, црните семки треба добро да се измијат, да се отстранат остатоците од плодот и целосно да се исушат.
Потоа се прелеваат со малку маслиново масло и сол, се распоредуваат во еден слој на плех и се печат во рерна на околу 160 °C од 15 до 20 минути, со едно промешување на половина од печењето. Може да се потпечат и во сува тава на средна температура додека добијат крцкава текстура и пријатен јаткаст мирис.
За дополнителен вкус може да се зачинат со чадена пиперка, кари, чили во прав, ким или други омилени зачини.
Откако ќе се испечат, семките од лубеница можат да се користат на различни начини:
Иако за повеќето луѓе се безбедни, експертите советуваат претпазливост кај лицата со алергија на семки или лубеница, малите деца, луѓето кои имаат потешкотии при голтање, како и оние со чувствителен дигестивен систем. Кај некои лица, преголема количина семки може да предизвика надуеност или дигестивна непријатност поради високата содржина на влакна.
Освен што се вкусна и хранлива ужина, користењето на семките е и мал чекор кон намалување на отпадот од храна. Наместо да завршат во корпата, тие можат да станат крцкав додаток што ќе му даде нов вкус и текстура на секој оброк.
ФОТО: Magnific
Дознајте ги први сите новитети, ексклузивни понуди и настани!