Пребарување
Тренд 12.08.2026

Претворете ја лубеницата во сладолед со помош на овој вирален тикток-тренд!

Marija Lukarevska

Малку овошје, малку креативност и без комплицирани рецепти – доволно за омиленото летно овошје да добие сосема нова улога.

Лубеницата е едно од омилените летни освежувања, а ова лето добива сосема нова форма. На социјалните мрежи се шири едноставен трик со кој од замрзната лубеница и само уште една состојка се добива десерт со текстура налик на сладолед или сорбет. Најдобро од сè е што не е потребна машина за сладолед, ниту додавање шеќер.

Трикот се заснова на едноставна техника: лубеницата се замрзнува пресечена на половина, а потоа со метална лажица се струга нејзината замрзната внатрешност и се меша со малку слатка павлака или кокосово млеко. На тој начин се создава ладна, кремаста и смеса како за сорбет.

Како се прави сладолед од лубеница?

Потребни се само:

  • лубеница
  • слатка павлака или кокосово млеко

За почеток, лубеницата се сече на половина напречно. Во средината на едната половина се издлабува мала вдлабнатина, доволно голема да собере приближно половина шолја течност.

Потоа половината лубеница се завиткува со проѕирна фолија и се става во замрзнувач додека целосно се замрзне.

Кога ќе биде цврсто замрзната, потребно е да се остави кратко време на собна температура за малку да омекне. Овој чекор е важен бидејќи ако лубеницата е премногу тврда, лажицата тешко ќе може да ја струга.

Во издлабениот дел се додава малку слатка павлака или кокосово млеко. Со метална лажица потоа се стругаат ситни парчиња од замрзнатата лубеница и веднаш се мешаат со течноста.

Токму ова стругање е клучот за добивање на посакуваната текстура. Ситните парчиња замрзнато овошје се мешаат со павлаката, која се разладува речиси веднаш, создавајќи кремаста смеса налик на сорбет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eitan Bernath (@eitan)

Мал трик за полесна подготовка

Бидејќи лубеницата е многу студена, а стругањето бара малку сила, рацете лесно можат да се изладат. Затоа е практично да се користат кујнски ракавици или лубеницата да се држи со крпа.

Добра идеја е половината лубеница да се стави во поголем сад за да биде стабилна додека се струга. Уште пред замрзнувањето, може да се отсече многу мал дел од долната страна за да се добие рамна површина на која лубеницата ќе стои стабилно.

Не мора да биде само лубеница

Овој тренд не е ограничен само на лубеницата. Истата техника може да се примени и со други поголеми овошја, под услов да има доволно простор во нивната внатрешност за да се направи мало вдлабнување.

Онлајн веќе се појавија варијанти со папаја и диња, а техниката може да се примени и со авокадо.

За оние кои сакаат нешто поинакво, постои и солена верзија. Наместо павлака, замрзнатите домати може да се комбинираат со маслиново масло, со што се добива необична ладна, сорбетеста варијанта со сосема поинаков вкус.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Food & Wine (@foodandwine)

Зошто овој тренд е толку привлечен?

Причината е едноставна – рецептoт е брз, едноставен и бара минимален број состојки. Нема потреба од посебна опрема, а овошјето останува главниот вкус на десертот.

Иако текстурата не е идентична со класичниот сладолед, резултатот е нешто помеѓу сорбет, гранит и кремаст замрзнат десерт – идеално за топлите летни денови.

Ако сакате уште поедноставна варијанта, сличен тренд кој се појави минатото лето подразбира стружење на замрзнати парчиња праска, лубеница, јагоди и друго овошје директно врз јогурт. Резултатот повторно не е класичен сладолед, но добивате ладен, овошен и освежителен десерт.