Концептот „third place“ не е сосема нов. Социологот Реј Олденбург го користел за неформални места надвор од домот и работата каде луѓето се среќаваат и создаваат заедница. Кафулињата, баровите и чајџилниците историски биле токму такви простори. Но во 2026 година концептот добива нова форма: луѓето сакаат да излегуваат, но не секогаш сакаат да пијат алкохол.
Промената е видлива и во бар-културата. Food & Wine во август 2026 пишува дека падот на консумацијата на алкохол, особено кај помладите генерации, ги тера сопствениците да размислуваат што друго можат да понудат. Баровите повторно се обидуваат да бидат вистински социјални центри – места каде луѓето доаѓаат поради атмосферата и луѓето, а не само поради пијалакот.
Од другата страна се појавуваат чајни и coffee концепти со вечерна програма. Наместо пиво и коктели, на масата може да има чај, sparkling tea, specialty coffee или безалкохолен коктел. Просторот може да има музика, книги, изложба, разговор, настап или едноставно удобни маси на кои никој не ве брка по 45 минути.
Ова е важна промена и за кафулињата. Долго време едно од главните прашања било како да се монетизира гостин кој седи долго и работи на лаптоп со една шолја кафе. Новиот модел оди во друга насока: долгото задржување не е проблем ако просторот е дизајниран околу целото искуство, а не само околу брзината на услужување.
И можеби токму затоа „трета соба“ е подобар опис од „кафуле“. Домот е првото место, работата второто, а третото е простор каде што не мора да бидете ниту дома, ниту на работа. Можете да дојдете сами, со пријатели, со книга, со лаптоп или само на разговор – и никој да не очекува од вас задолжително да нарачате алкохол.
pexels – bar – restoran – gosti